Образование- основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со Централната власт, во согласност со закон, како и организирање превоз и исхрана на учениците и нивно сместување во ученички домови.
Официјалната стапка на писменост во општина Гевгелија изнесува 99% и претставува највисока во Република Македонија.
Општината ги има следниве образовни институции:
Еден средношколски училишен центар со три насоки – општа гимназија, механичка струка и хотелско-туристичка насока;
Четири основни училишта;
Едно специјализирано основно музичко училиште.
Вкупниот број на ученици изнесува 3.570, а бројот на наставници 201, со сооднос наставник–ученик 1:17.
Во последните години се забележува мал пад во бројот на новозапишани ученици. Во учебната 2001/02 година бројот на ученици кои завршиле 8. Одделение (14 год. возраст) изнесувал 299, додека во учебната 2005/06 тој број изнесува 259.
Бројот на новозапишани ученици во средно образование во учебната 2001/02 изнесувал 372, а во учебната 2004/05 тој број е намален на 340, како резултат на ниската стапка на новородени деца и на надворешните миграции, иако бројот на новозапишани ученици во хотелско-туристичката струка бележи благ пораст.
Основни училишта
ОУ ˝Владо Кантарџиев˝-Гевгелија
ОУ ˝Крсте Мисирков˝-Гевгелија
ОУ ˝Климент Охридски˝-Миравци
ОУ ˝Ристо Шуклев˝-Негорци
ОМУ ˝Васо Карајанов˝-Гевгелија
Средно училиште
СОУ ˝Јосиф Јосифовски˝ – Гевгелија