Општина Гевгелија и годинава го задржа високиот индекс на транспарентност, наоѓајќи се меѓу институциите на државно и локално ниво со многу добра, активна транспаретност. Во Извештајот од анализата за 2024 година, Општина Гевгелија е оценета со 91,4% активна транспарентност, е рангирана на 15. место од вкупно 98 оценети институции и е на високото 2. место заедно со Општина Богданци меѓу локалните самоуправи од Југоисточниот Регион. Со што, Општина Гевгелија продолжува со исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер на својата официјална интернет-страница.
Истражувањето за Индексот на активна транспарентност 2024 се спроведува во рамките на Проектот: „Мониторинг на јавните набавки“ и го имплементира Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.
https://www.ccc.org.mk/images/indeks%20aktivna%20transparentnost%202024.pdf