Политика на квалитет

Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2024 година

Резултати од партнерството на Општина Гевгелија со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетот за искористување на ресурсите

Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2023 година

Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2022 година

Претставување на Општина Гевгелија

Прирачник за квалитет

Политика за квалитет

Систем 48 (јануари-ноември 2021)

 Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2021 година

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Општина Гевгелија својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во потполност се усогласени со барањата на граѓаните и важечките закони.

Стратешки цели на Општина Гевгелија се :

– Задоволни корисници/граѓани

– Просперитетна и богата локална заедница.

Општина Гевгелија утврдените Стратешки цели ги остварува со почитување на следните начела:

– Еднаквост на сите корисници/граѓани.

– Сите корисници/граѓани имаат право на заштита.

– Услугите кои ги пружа Општината мора да бидат ефикасно и економично реализирани.

– Исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните, согласно најдобра пракса и Законот, е прв приоритет во вршењето на услугите на општинската администрација.

– Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во општинската администрација.

– Тимска работа базирана на комуникација помеѓу општинските и  јавните служби представува основа на нашата компетентност и услужност.

– Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени граѓаните, вработените и другите заинтересирани страни.

– Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.

– Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општа сигурност и безбедност на граѓаните.

– Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во општинската администрација.

– Преиспитување на Системот за квалитет од страна на Општинската управа се реализира со цел воспоставување на процес на постојано подобрување на планираните задачи и цели за квалитет. 

        Дата                                                                                   Градоначалник

    30.11.2021                                                                       на Општина Гевгелија

                                                                                                Андон Сарамандов

Skip to content