Во рамките на Проектот: „Информирај се! Активирај се!“ што го имплементира Регионален центар за одржлив развој- Гевгелија, на 28 март 2025 година, се реализираше првата обука на тема: „Градење капацитети за Законот за младинско учество и младински политики“. На обуката учествуваа членовите на Локалното собрание на млади и Локалниот младински совет, службеникот за млади во Општина Гевгелија и претставници на невладините организации коишто работат со млади.
Со помош знаењето и искуството на обучувачот Зоран Илиевски од Коалиција „СЕГА“, младите од Гевгелија со работа во групи и презентации го диксутираа Законот за младинско учество и младински политики и ги проширија своите хоризонти за надлежностите на младинските тела на локално ниво.
Проектот: „Информирај се! Активирај се!“ е поддржан и финансиран од Општина Гевгелија.








