Регионален центар за одржлив развој од јануари 2025 година започна со имплементација на Проектот: „Информирај се! – Активирај се!“ преку кој младите ќе бидат информирани и едуцирани како да се мотивираат себе си, но и другите за активно учество во општествените случувања. Проектот ќе се имплементира пет месеци, а е финансиран од Општина Гевгелија. Целта на Проектот е да се поттикнат младите на активно учество во процесот на креирање на младински политики и донесување одлуки во Oпштина Гевгелија.
Проектот ги има следниве задачи:
• Да се зајакнат капацитетите на младите за креирање младински политики и учество во процесот на донесување одлуки и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики;
• Да се стекнат младите со вештини за организирање и имплементација на креативни младински иницијативи;
• Да се зголеми свеста за постоењето на Законот за младинско учество и младински политики и можностите што ги нуди;
• Да се воспостави процес на комуникација и соработка помеѓу младите, локалната власт и советниците за за учество на младите во работата на општината.
Времетраењето на проектот е 5 месеци, од јануари до јуни 2025 година.
Целна група на Проектот се сите млади од 15 до 29 години, со посебен акцент на членовите на Локалното младинско собрание и Локалниот совет на млади при Општина Гевгелија.
Проектот го сочинуваат следниве компоненти:
Компонента 1: Градење капацитети
Оваа активност има за цел јакнење на капацитетите на младите за активно учество во процесите на креирање младински политики и донесување на одлуки, во решавањето на проблемите кои ги опкружуваат и преземање акции за нивно решавање и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво.
Компонента 2: Организирање обуки
Обуките имаат за цел младите да се информираат, едуцираат и да стекнат вештини за наоѓање начин да се активираат, како да мапираат проблеми и како креативноста да ја искористат како алатка за промена, како да учествуваат во работата на Општината, како да организираат иницијатива и како да ги натерат носителите на одлуки да го имплементираат Законот за младинско учество и младински политики
Компонента 3: Подготовка и спроведување на креативна младинска иницијатива
По завршувањето на обуките, учесниците ќе имаат обврска да креираат младинска иницијатива. Оваа иницијатива ќе биде мотив младите да се активираат и да видат дека постојат начини за решавање на нивните проблеми и нивно зајакнување и развивање на еден поактивен, креативен и свесен младински активизам.
Компонента 4: Организирање средби на млади со локалната власт
Средбите ќе имаат за цел за претставниците од Локалниот младински совет да се запознаат со структурата, организацијата и надлежностите на Градоначалникот, Општината и Советот. Овие директни средби нема да имаат само едукативно значање туку тие ќе претставуваат лобирање и застапување кај носителите на одлуки да се интензивираат процесите за спроведување на обврските на Општината кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики.
Компонента 5: Подготовка и изработка на видео
Информативно видео за Законот за младинско учество и младински политики ќе биде претставен во краток синопсис кој ќе биде објавен на социјалните мрежи и веб порталите.
Компонента 6: Организирање јавен настан (трибина)
На јавниот настан тема ќе биде перспективите на Законот за младинско учество и младински политики, колку се реалзирани обврските на Општината и искуствата од функционални младински совети и младински центри. На настанот ќе бидат поканети истражувачи кои работеле на истражувања поврзани со имплеменацијата на Законот, како и претставници на младински совети од други општини и претставници на НВОи кои рабатат на Проект за имплементација на Законот.
Активностите во Проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:
1. Зајакнати капацитети на на младите за креирање младински политики и учество во процесот на донесување одлуки и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики;
2. Реализирана креативна младинска иницијатива;
3. Информирани млади за постоењето на Законот за младинско учество и младински политики и можностите што ги нуди;
4. Воспоставен процес на комуникација и соработка помеѓу младите, локалната власт и советниците за учество на младите во работата на Општината.