Општина Гевгелија организира стручна расправа и јавна презентација со јавна расправа по Нацрт-Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија и јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5), КО Гевгелија, општина Гевгелија.
Стручната расправа по Нацрт-Измената и дополнувањето на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија (плански период 2024-2034) и Јавната анкета по Нацрт-Измената и дополнувањето на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5) КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2024-2029) ќе се спроведат како обединета постапка со времетрање од 30 дена, и тоа од 05.02.2025 до 05.03.2025 г.
Јавната презентација со стручно презентирање на Нацрт-Измената и дополнувањето на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија и Нацрт-Измена и дополнувањето на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5), КО Гевгелија во аналогна форма ќе се одржи 05.02.2025 г. (среда), во 12:00 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија.
Јавната расправа за Нацрт-Измената и дополнувањето на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија (плански период 2024-2034) со која ќе се стави на увид и проверка пред широката јавност, ќе се одржи на 05.03.2025 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Mалата сала на Народниот театар- Гевгелија.
Стручната расправа по Нацрт-Изменатa и дополнувањето на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија (плански период 2024-2034) ќе се одржи на 13.03.2025 година (четврток), во 12:00 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија.
Вкупната површина на планскиот опфат што се применува при изработка на Измена и дополна на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија, изнесува 777.000,00 m2 односно 77,7 ha, вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајниците.
Границата на планскиот опфат ги има следните координати:
– на запад осовина на улица „7 Ноември“;
– на север улица „Новопланирана 8“ и улица „Новопланирана 3“;
– на исток улица „Борис Кидриќ“;
– на југ булевар „Гевгелија“.
Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:
– А – домување – А2-Домување во станбени згради,
– Б – комерцијални и деловни намени,
– (А, Б) – комерцијална зона,
– В – јавни институции – В4 – државни институции,
– Г- производство, дистрибуција и сервиси – Г2- лесна индустрија – Г3- сервиси – Г4- стоваришта,
– Д – зеленило, спорт, рекреација и меморијални простори – Д2-Заштитно и сообраќајно зеленило,
– Е – инфраструктура- Е1- комунална инфраструктура- Е2- комунална супструктура- бензинска пумпна станица со придружни содржини- Е3- некомпатибилна инфраструктура- трафостаница 110кВа.
Вкупната површина на планскиот опфат што се применува при изработка на Измената и дополнувањето на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5), општина Гевгелија, изнесува 40.211,00 m2 односно 4,02 ha, вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајниците.
Границата на планскиот опфат ги има следните координати:
– од север опфатот е дефиниран по осовина на новопланирана сервисна улица „3“ и по граници на катастарски парцели;
– од исток опфатот е дефиниран по граница на катастарски парцели, по осовина на новопланирана сервисна улица „5“ и новопланирана сервисна улица „1“;
– од југ опфатот е дефиниран по осовина нa булевар „Гевгелија“;
– од запад опфатот е дефиниран по осовина на улица „Борис Кидриќ“.
Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:
– Б – комерцијални и деловни намени,
– Д – зеленило, рекреација и меморијални простори,
– Е – инфраструктури.
Во утврдениот рок за јавна анкета, заинтересираните граѓани и правни лица како и државните органи и други институции на анкетни листови ќе можат да ги доставуваат своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт-Измената и дополнувањето на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5) КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2024-2029) во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Стручната јавност може да ги достави своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт-Измената и дополнувањето на Генерален урбанистички план за Блок 10, општина Гевгелија (плански период 2024-2034), најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа.
Урбанистичките планови се изложени на огласната табла во просториите на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина при Општина Гевгелија, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб-страната на Општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk, а информации за истите може да се добијат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.