Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Н.Е. Андраш Клајн, беше во посета на Општина Гевгелија. Притоа, оствари средба со заменик-градоначалникот на општина Гевгелија, Сашко Стојиловски и претставници на општинската администрација. На средбата стана збор за взаемната соработка, како и за соработката со меѓународните институции и со граѓанскиот сектор.
Имено, амбасадорот Клајн истакна дека Унгарија и Амбасадата во Република Македонија во наредниот период ќе ги искористат сите можности за помош на единиците на локалната самоуправа.