Уште една масовна акција за пошумување, со засадени 4.000 дрвца, се одржа во Општина Гевгелија. Имено, голем граѓани- претставници на локалните институции и НВО-секторот, ученици и наставници од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, како и претставници на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Скопје и 200 волонтери од Johnson Matthey Macedonia, ја засадија со багрем месноста „Милош Брдо“, во непосредна близина на Негорци.
Гевгеличани и нивните помошници со својот придонес за повторно зазеленување на шумите уште еднаш ја покажаа својата општествена одговорност, со цел да се надомести штетата на зелената маса што ја предизвикаа летните пожари во општина Гевгелија.
Оваа акција ја организираше ЈП „Македонски шуми“- ПСШ „Кожув“- Гевгелија, со поддршка од Општина Гевгелија и донација од хуманитарната организација „Св. Спас“ и Johnson Matthey Macedonia.