На 14 септември 2024 година, продолжува богатата програма од Фестивалот на храна и пијалоци во Гевгелија “Taste the south – Вкуси го југот“. Вториот ден од Фестивалот ќе биде ден за печење ракија, проследен со културно-уметнички активности.
Со почеток од 19:00 часот, ќе настапат Културно-уметничките друштва „Браќа Толеви“ од Прдејци и „Негорци“- Негорци, со изведба на традиционални игри.
По нив, групата „Гевгелиски мелос“ ќе ги развесели посетителите со народни песни и ора, во 19:45 часот.
Забавата ќе продолжи со настапот на македонскиот фолк-пејач, Наум Петрески, од 20:45 часот.
Пресек ќе направи гевгелиската легенда, Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, во 22:00 часот.
За потоа, од 22:15 часот, гевгеличани да се забавуваат со поп-музика со настапот на Викторија Лоба, како и со Ристо Самарџиев и пријателите, од 23:45 часот.
Последниот ден, 15 септември, е недела кога ќе биде одржана „Смоквијада“, во организација на ЗГ „ТеРа“ од Гевгелија. Културно-уметничките активности ќе започнат од 15:00 часот.
Првиот настап е на учениците- членови на Школата за тапани, под менторство на Момчило Моки Делев.
Следува Концертот на „Калинка 2024 година“ за најмалата генерација, во 16:00 часот.
Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија ќе се претстави со кореографии на урбана хип-хоп музика, од 17:15 часот.
Наредните 45 минути се за настапите на учесниците на „ЕвроПорта Фест“, под менторство на Маја Зафирова, со вокална изведба на домашна и странска музика.
Веќе од 18:30 часот, Ансамблот „Бојмија“ ќе настапи со поставки на традиционални игри.
Музичкиот дел ќе продолжи со Мартин Костадинов и неговиот бенд, во 19:15 часот.
Во 19:45 часот, богатата музичка програма продолжува со македонскиот трап-изведувач Христијан Настески, познат како Пајак заедно со македонската поп и Р&Б пејачка, Лара Иванова.
10-минутното шоу „Диверзија“ на легендарниот Дејан Малзарков присутните ќе го проследат со почеток од 21:10 часот.
За крајот на Фестивалот, следуваaт настапите на македонскиот рок-, поп- и џез-музичар, Влатко Стефановски (од 21:20 часот) и музичката рок и панк група „Паркети“ (oд 22:45 часот).
Локација: Паркинг пред Градски пазар- Гевгелија