Заради обезбедување транспарентен и отворен процес на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на Самостојниот повик, Општина Гевгелија објавува Јавен повик за изразување интерес на претставник од граѓанските организации за учество како набљудувач во Комисијата за евалуација на поднесените предлог- проекти од граѓанските организации.
Крајниот рок за доставување на апликациите на претставници од граѓанските организации за учество во Комисијата за евалуација е до 18 ноември 2024 година, до 15:00 часот. Кандидатите треба да ги достават документите по електронски пат, на следнава е-маил адреса: gevgelijao@t.mk. Повеќе информации за условите во Повикот, начинот на аплицирање, потребната документација и обврските на набљудувачот можат да се добијат кај одговорниот проектен координатор: Весна Попова (vesnamiceva@gmail.com).
Види тука: Повик