На 16 декември 2024 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија, Општина Гевгелија организира јавна расправа за прибирање на предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година.
Општина Гевгелија ги поканува сите заинтересирани граѓани и месните заедници да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.
Исто така, Општина Гевгелија изработи и веб-платформа за граѓанско учество во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година. Граѓаните од општина Гевгелија ќе можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година со пополнување на електронски анкетен прашалник што се состои од општи податоци за учесникот во анкетата и наведување предлози за одредена област, во надлежност на Општина Гевгелија.
Линк: Граѓанско учество во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година