Здружението на слепи лица од Гевгелија ќе ја одржи манифестацијата „Вешта жена“ по повод Меѓународниот ден на белиот стап -15 октомври. Настанот ќе се одржи на 18 октомври 2025 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
Манифестацијата „Вешта жена“ претставува традиционално дружење на членовите на Здружението, преку кое тие ја презентираат својата креативност и умешност во подготовка на традиционална храна, ракотворби и други активности.
Како дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, овој настан го промовира културниот израз и општествената вклученост на лицата со попреченост, како дел од вредностите на инклузивна и достапна културна сцена. Преку ваквите активности, културата се претставува како простор за еднакво учество, почитување на различностите и поттикнување на човечкото творештво во сите негови форми.
