вторник, 23 јуни , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„БОШ 2025“: Современата уметност ја окупираше Гевгелија

Petar by Petar
септември 3, 2025
in ВЕСТИ
0
„БОШ 2025“: Современата уметност ја окупираше Гевгелија
0
SHARES
13
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

На 29 и 30 август 2025 година, Гевгелија беше домаќин на 17. издание на „БОШ Фестивал“, кој и оваа година понуди јасна слика за тоа што значи културата да се доживее низ различни медиуми, во непосреден простор и надвор од институционалните граници. Организиран од ЗГ „Арт Еквилибриум“- Гевгелија, во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, Фестивалот се одржа на неколку градски локации, претворајќи ги во сцени за визуелна уметност, филм, музика и непосредна интеракција.

Првиот фестивалски ден започна во Уметничката галерија „Амам“ со отворањето на изложбата „ПоПуСто%“ од Марија С. Богдановска- серија цртежи и инсталација што ги испитуваат економските, социјалните и емоционалните нееднаквости на жените. Фокусот беше на структурните разлики кои влијаат врз женскиот општествен и културен статус.

Related posts

Нова водоводна мрежа во „Мрзенски Рид“: започна изградбата на цевководот на улица „Александар Бел“

Нова водоводна мрежа во „Мрзенски Рид“: започна изградбата на цевководот на улица „Александар Бел“

јуни 17, 2026
22 јуни: 12. седница на Советот на Општина Гевгелија

22 јуни: 12. седница на Советот на Општина Гевгелија

јуни 16, 2026

Во Народниот театар- Гевгелија, публиката ја проследи изложбата на Столе Ангелов, фотограф кој претстави колекција на улични фотографии направени низ различни европски и балкански градови, а потоа следеше и видео-артот „На флипери“ на Јован Гаковски – аудиовизуелна композиција инспирирана од флипер културата и видео естетиката на 90-тите.

Следуваше блок од три филмски проекции- документарецот „Лука“ (продукција на ЗК „Транзен“), кој го следи животот на млади музичари од Струмица; краткиот филм „Blue Hour“ на Ана Јакимска, интимна приказна за генерацискиот јаз помеѓу мајка и ќерка и „Само ѓаволот мрази вода“ од Лидија Мојсоска, во кој фантастичното и реалното се испреплетуваат низ приказна за детско пријателство ставено на тест. Денот заврши со диџеј сетот на Мартчин во кафе-барот „У“, каде вечерната енергија доби поопуштен, но и подлабоко урбан контекст.

На 30 август, Стариот градски пазар беше централна локација за втората фестивалска вечер, каде публиката имаше можност да проследи нови експериментални форми. Филмот „Мангава диско панк“, премиерно прикажан, ги спои фикцијата и реалноста во приказна за единствениот панк-бенд од ромското гето во Шуто Оризари.

Потоа беше прикажан експерименталниот видео-албум „The Hip- Reality Overdrive“, визуелен проект инспириран од музиката на The Hip, што преку литература, сликарство и филм создава синестетско искуство на самоанализа и културна асоцијација.

Визуелната програма продолжи со инсталацијата „Колатерална штета“ на Ице Капсаров, дело што го третира односот меѓу убавината и насилството, како и со учеството на публиката во колаж-акцијата „Ненаситни“ на Јана Деловска и Дамјан Илиќ, која повикуваше на колективно сечење, реобмислување и препишување на визуелната пропаганда.

Музичката завршница донесе два концептуално различни, но енергетски комплементарни настапи: рок-триото „Харикири“, и „Пијан славеј“, музичко-поетски проект на Бранислав Николов од Фолтин, во соработка со Пеце Трајковски – Брада, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски. Настап кој го редефинираше вкусот за современа македонска шансона.

Фестивалската публика беше разновидна- од долгогодишни следбеници на независната културна сцена, до млади посетители кои првпат се среќаваат со ваков вид содржина. Атмосферата беше отворена, пријателска и интерактивна, што придонесе не само за пасивно следење, туку и за активно учество. Во текот на двата дена, радио Канал 103 емитуваше специјална викенд радио-репортажа посветена на Фестивалот, што дополнително ја прошири публиката и контекстот на Фестивалот.

Со своето седумнаесетто издание, „БОШ Фестивал“, кој се одржува во чест на Бошко Бозаџиев- актер, културен работник, поет и хроничар од Гевгелија, уште еднаш потврди дека постои стабилна основа за културен раст и развој надвор од централните градови. Годинава, во рамки на „Гевгелија град на културата 2025“, Фестивалот прерасна во важна точка на современиот културен дијалог, овозможувајќи и на локалната и на регионалната сцена простор за презентација, експериментирање и размена.

Previous Post

Уметнички дијалог преку границите- ФИЈУК 2025 во Гевгелија

Next Post

Успешен старт на новата учебна година- градоначалникот Сарамандов ги посети сите основни училишта

Next Post
Успешен старт на новата учебна година- градоначалникот Сарамандов ги посети сите основни училишта

Успешен старт на новата учебна година- градоначалникот Сарамандов ги посети сите основни училишта

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Одлука за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на дел од КП 221 КО Мрзенци, општина Гевгелија
  • Единаесетта (вонредна) седница на Совет на Општина Гевгелија – 27 мај 2026
  • Десетта седница на Совет на Општина Гевгелија – 27 мај 2026
  • Одлука за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина на планскиот документ Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план за Блок 5.3 и 5.6, општина Гевгелија
  • Нова водоводна мрежа во „Мрзенски Рид“: започна изградбата на цевководот на улица „Александар Бел“

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset