Општина Гевгелија објави постапка за отуѓување на две градежни парцели во сопственост на Република Северна Македонија, со намена Г2 – лесна индустрија и Г4 – стоваришта, складови и отпади, преку електронско јавно наддавање.
Парцелата со намена Г2 се наоѓа во м.в. „Моински пат“ и има површина од 5.216 м², додека парцелата со намена Г4 се наоѓа во м.в. „Сува Река“ и зафаќа површина од 665 м².
Почетната цена за двете градежни парцели изнесува 61 денар за метар квадратен. Наддавањето ќе се спроведе електронски на веб-страницата www.gradezno-zemjiste.mk, на 3 јуни 2026 година, со почеток во 09:00 часот, при што за секоја парцела е предвидено траење од 15 минути.
Пријавувањето за учество е електронско и се врши преку истата интернет-страница, најдоцна до 1 јуни 2026 година.
Сите дополнителни информации во врска со условите за учество, потребната документација и критериумите се достапни на следниот линк: Објава бр. 2 2026.


