Во Гевгелија, младите волонтери при Црвен крст- Гевгелија спроведоа акција за справување со топлотниот бран. Имено, во соработка со Општина Гевгелија, волонтерите им делеа вода и капи на случаните минувачи, а во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, медицински кадар мереше крвен притисок и им делеше совети на граѓаните за заштита од топлото време во отворениот пункт, во инклузивниот парк „Ице Бегов“- Гевгелија.
Поради топлотниот бран, којшто ја зафати Гевгелија, ОО Црвен крст- Гевгелија ќе продолжи со препораките за делување, а заедно со Општина Гевгелија и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија апелираат до граѓаните да се придржуваат до општите мерки и советите како би ги спречиле последиците по нивното здравје.