На 1 јули 2024 година, во вечерните часови, на подрачјето на општина Гевгелија ќе се изврши втората теристичка дезинсекција во рамки на годинашниот третман против комарци. За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период.
Доколку временските услови не бидат погодни за спроведување на дезинсекцијата, граѓаните ќе бидат навремено известени за следниот термин.