Советот на Општина Гевгелија, на 26 февруари 2025 година, ќе ја одржи својата 57. седница, на којашто ќе расправа по повеќе акти од финансиското работење на локалната самоуправа. На претстојната седница, ќе се разгледуваат Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, за период 01.01 – 31.12.2024 година, кумулатив, Завршната сметка за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година и Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година.
Исто така, ќе се разгледуваат и Извештаите за реализација на Програмите на Општина Гевгелија за 2024 година за: уредување на градежното земјиште; изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици; активностите во областа на социјалната заштита и еднаквите можности на жените и мажите и др. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:30 часот.
За работа на 57. седница на Советот на Општина Гевгелија е предвиден следниот дневен ред:
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, (за период 01.01 – 31.12.2024 година), кумулатив;
- Предлог-Завршна сметка за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Одлука за извршување отпис на опрема од сметководствена евиденција на Општина Гевгелија;
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија како основачки влог на Општина Гевгелија во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“- Гевгелија;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Локалниот младински совет во Општина Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиска поддршка на НВО-секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2024 година;
- Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на објекти со намена Г3.1 – Индустриски сервиси, сервиси за одржување моторни возила, сервиси за ремонт на шински возила, сервиси за земјоделска и градежна механизација на КП 941 и КП 945 КО Негорци, општина Гевгелија;
- Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена В2.2 – медицински ординации со компактибилни дејности на КП 588 и дел од КП 587/1 КО Богородица, општина Гевгелија;
- Предлог-Одлука за утврдување Нацрт-Детален урбанистички план за Блок 15.9, општина Гевгелија;
- Предлог-Решение за именување член во заедничката Комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општините од Повардарскиот Регион;
- Предлог-План за запишување ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2025/2026 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија;
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2024 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2024 година;
- Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година;
- Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година;
- Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во јавните здравствени установи во општина Гевгелија;
- Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ – Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија, за состојбата со речните корита и одводните канали во општина Гевгелија, нивното уредување и користење.