На 12 април 2025 година, СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го прослави својот патронен ден – 73 години од своето постоење. Во преполната сала на Народниот театар присутни беа и вработени и наставници од Техничкото училиште „Михајло Пупин“ од збратимената Инџија. Програмата беше збогатена со учеството на Училишниот хор кој изведе две композиции: An Irish Blessing – James Moore и Gagliarda – Baldassare Donatto, под менторство на професорот Илија Атанасов.
За развојот и идните стратегии и планови на училиштето зборуваше директорот на Училиштето Александар Делиџаков, а свое обраќање имаше и Драгана Винчиќ Младеновиќ, директорка на ТШ „Михајло Пупин“- Инџија, Р. Србија.За педесетгодишното соработување меѓу овие две училиште беше прикажан и краток филм со наслов: „50 години пријателство“ под менторство на професорот Тони Аврамов.
На манифестацијата беше изведена и театарската претстава „АДСКА МАШИНА“, по текст на Венко Андоновски, во изведба на Драмската група „Дон Кихот“, а во режија на професорката Даниела Џишева. Техничката обработка на аудио-визуелните елементи во претставата беше на професорот Тони Аврамов.Во претставата учествуваа: Зоран Кундурџиев, Весна Делева, Костадин Узунов, Јована Дупарова, Андреј Димов, Бранко Проданов, Катерина Јовановска и Јован Грозданов, Силвестер Проле, Стефан Миленковиќ и Кристијан Петанчевски.Техничка поддршка: Илија Маркудов, Петар Паласкаров, Марија Шуклева, Јована Мачукова, Борче Стевановски и Давид Кокочев.
Водители на манифестацијата беа: Весна Делева и Зоки Кундурџиев под менторство на професорката Александра Ќаева.
Манифестацијата се одржа во рамките на „Гевгелија – град на културата 2025“.





















