Учениците во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија ќе добијат подобри услови за спортување со реконструкцијата на подот во спортската сала. Како што најави градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по демонтажата на постоечкиот и дотраен дрвен под, ќе биде поставена нова бетонска плоча за порамнување, по што ќе следува аплицирање на современа хомогена ПВЦ подлога по нови стандарди.
Проектот се спроведува во соработка со Министерство за образование и наука и има за цел континуирано вложување и подобрување на условите во образовниот процес.





