Хуманоста е наша должност
Развиваме социјално праведна Општина Гевгелија.
Ајде заедно да им ПОМОГНЕМЕ на сите лица на кои им е неопходна помошта и поддршката во одреден период во нивниот живот. Oпштина Гевгелија го отпочнува проектот кој е поддржан од агенцијата на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР – и во соработка со ЈУ МЦСР Гевгелија ќе спроведува активности во насока на надминување на социјалните проблеми со кои се соочуваат одредени семејства и поединци, а неповолно се одразуваат врз нивната добросостојба. Биди и ТИ дел од овие активности кои ќе спречат социјална исклученост и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во нашата Општина.
Кои сме ние, која е нашата функција и како да станеш дел од овој помагачки процес?
Ние сме Општина која се грижи за нашите граѓани и секогаш се стреми кон нови поразвиени практики кои навремено и ефикасно ќе одговорат на нивните потреби. За таа цел развиваме АЛАТКА која ќе ја раководи Општина Гевгелија во соработка со ЦСР Гевгелија. Оваа алатка ќе придонесе за навремено детектирање и евидентирање семејства и поединци кои се нашле во социјален ризик и имаат итна потреба од одреден вид помош (како облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати, итн.) како и достава на потребната помош до целните групи.
Ајде сите чинители заедно да чекориме кон социјално праведна Општина, да ја покажеме општествената одговорност и да помогнеме онаму каде е потребно.
Воедно праќаме порака до сите ВАС, граѓани, граѓански здруженија, локални стопанственици, заеднички проактивно да ја користиме и развиваме оваа алатка, да донирате доколку сте во можност, а наша задача е брзо и ефикасно да ја спроведеме донацијата до семејствата и поединците на кои им е неопходна.
Првиот чекор да станеш дел од овој процес е да пратите информации:
вашето име и презиме,
телефонски број за контакт,
видот на помошта, донација која сте во можност да ја донирате
на електронската пошта vodimegriza@gmail.com. Во најкраток можен рок ќе бидете исконтактирани од страна на одговорното лице во Општината. Вашите лични податоци ќе бидат заштитени согласно законските регулативи