сабота, 7 ноември , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со богата културна и уметничка програма, Гевгелија ќе го одбележи 7 Ноември- Денот на ослободувањето

Petar by Petar
октомври 29, 2026
in ВЕСТИ
0
Со богата културна и уметничка програма, Гевгелија ќе го одбележи 7 Ноември- Денот на ослободувањето
0
SHARES
56
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Со богата културна и уметничка програма ќе се чествува општинскиот празник 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија. Програмските активности ќе се реализираат од 2 до 8 ноември 2026 година, со настани посветени на културата, музиката, театарската уметност, детското творештво и негувањето на историското наследство на градот.

Програмата опфаќа театарски претстави, концерти на класична и популарна музика, детски активности, изложба, промоција на спот, свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, полагање цвеќе и фолклорна вечер, со што ќе се одбележи значајниот датум од историјата на Гевгелија.

Related posts

Детската радост и детските песни во чест на 7 Ноември: посебна празнична честитка за градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов

Детската радост и детските песни во чест на 7 Ноември: посебна празнична честитка за градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов

ноември 6, 2026
6 ноември: Со свечена седница на Советот и доделување признанија за заслуга, Гевгелија го одбележува својот празник

6 ноември: Со свечена седница на Советот и доделување признанија за заслуга, Гевгелија го одбележува својот празник

ноември 5, 2026

Одбележувањето започнува на 2 ноември, со настанот „Транзиција – традиција“, во 19:00 часот, во Големата сала на Народниот театар, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија- Гевгелија. На 3 ноември, во 19:00 часот, во салата на ООМУ „Васо Карајанов“, ќе се одржи концерт на класична музика на „Трио Аура“.

На 4 ноември, во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде изведена театарската претстава „Синот“, во продукција на Театар „Антон Панов“- Струмица. Програмата продолжува на 5 ноември со концерт на ООМУ „Васо Карајанов“, кој ќе се одржи во концертната сала на Училиштето, во 18:00 часот. Во 19:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“, ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници- Гевгелија, во организација на НУ Музеј- Гевгелија.

Особено богата програма е предвидена за 6 ноември, кога ќе се одржат повеќе настани. Во 12:30 часот, на платото пред Народниот театар, ќе започне детското дефиле, по што, во 13:00 часот, во Народниот театар, ќе следува промоција на спотот „Сите сме еднакви“, во организација на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Во 19:00 часот ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Гевгелија, а вечерната програма ќе заврши со концертот „Апасионато“, со настап на Пламенка Трајковска и Камерниот оркестар, со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар.

Централниот ден на одбележувањето, 7 Ноември, ќе започне во 12:00 часот со полагање цвеќе на спомен-обележјата во Гевгелија, во чест на борците и настаните поврзани со ослободувањето на градот. Вечерта, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар, ќе се одржи „Фолклорен ѓердан“, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, посветен на традиционалните музички и танцови вредности.

Програмата ќе биде заокружена на 8 ноември, со настан на Здружението на пензионери „Сава Михајлов“, кој ќе се одржи во 19:00 часот во Народниот театар.

Со оваа програма, Општина Гевгелија го одбележува 7 Ноември како значаен датум од локалната историја, истовремено создавајќи простор за презентација на културните и уметничките достигнувања на локалните институции, здруженија и уметници. Настаните се бесплатни и можност за вклучување на различни генерации во одбележувањето на празникот и за поттикнување на интересот за културното творештво и историското наследство на Гевгелија.

Previous Post

Објавен Kонкурсот на Општина Гевгелија за финансирање на спортски активности во Гевгелија за 2027 година

Next Post

Проектна  програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г5.5-Хангари за земјоделски машини и складишта за материјали за земјоделски производи на КП 2588/1, дел од КП 2600, дел од КП 2623/1, дел од КП 2596 и КП 2601 КО Негорци, општина Гевгелија со тех.бр.04-37/2026/2  од  август 2026 изработена од ДПТУ ,,Про-Инженеринг,, доо Тетово

Next Post

Проектна  програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г5.5-Хангари за земјоделски машини и складишта за материјали за земјоделски производи на КП 2588/1, дел од КП 2600, дел од КП 2623/1, дел од КП 2596 и КП 2601 КО Негорци, општина Гевгелија со тех.бр.04-37/2026/2  од  август 2026 изработена од ДПТУ ,,Про-Инженеринг,, доо Тетово

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Одобрена Планска Програма за Изменување и дополнување на Блок 3 од Урбанистички план за село Прдејци, општина Гевгелија
  • Детската радост и детските песни во чест на 7 Ноември: посебна празнична честитка за градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов
  • Шеснаесетта седница на Совет на Општина Гевгелија – 22 октомври 2026
  • 6 ноември: Со свечена седница на Советот и доделување признанија за заслуга, Гевгелија го одбележува својот празник
  • Нов градски плоштад- дел од урбаната трансформација на централното градско јадро во Гевгелија

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset