Општина Гевгелија започнува процес на изработка на нова Стратегија за локален економски развој 2027–2031 г., со цел утврдување на состојбите, потребите, потенцијалите и приоритетите за економски развој на локално ниво.
Во рамки на процесот се спроведува SWOT анализа, преку која ќе се идентификуваат силните страни, слабостите, можностите и заканите поврзани со локалниот економски развој.
За таа цел, Општина Гевгелија спроведува анкетен прашалник за прибирање мислења и предлози од претставници на бизнис-секторот и други локални чинители. Одговорите се значајни за идентификување на реалните состојби, потреби, потенцијали и предизвици со кои се соочува локалната економија, како и за утврдување на приоритетите и мерките што ќе бидат опфатени во Стратегијата.
Анкетата е анонимна, а добиените податоци и мислења ќе се користат исклучиво за потребите на процесот на изработка на Стратегијата. Прашалникот ќе биде отворен заклучно со 7 октомври 2026 година, до 12:00 часот.
Линк: Анкетен прашалник


