вторник, 29 септември , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во чест на генијот од Гевгелија, проф. д-р Томе Манчев: Музичка вечер на спомен, љубов и вечно звучење

Petar by Petar
октомври 22, 2025
in ВЕСТИ
0
Во чест на генијот од Гевгелија, проф. д-р Томе Манчев: Музичка вечер на спомен, љубов и вечно звучење
0
SHARES
115
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата 2025“, на 21 октомври, во салата на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, беше одржан Концерт посветен на творештвото на еден од најзначајните македонски композитори и професори- проф. д-р Томе Манчев, роден токму во овој град. Настанот, исполнет со длабоки емоции и гордост, беше вистинска музичка ретроспектива на делото на човекот кој со својата музика ја збогати националната културна ризница.

Публиката, составена од љубители на класичната музика, професионални музички уметници, но и роднини на Томе Манчев, имаше ретка можност да го доживее творечкиот свет преку изведбата на некои од неговите најрепрезентативни камерни дела: „Санаториумска балада“ (1974/75), Соната „Ламентозо“ (1989), „Два става“ (1976), „ДД…“ (2002), „Монолог и дијалог“ (2002/03) и „Интрада и капричо“ (1998/99). Преку овие композиции, внимателно избрани од Валентина Велковска- Трајановска- композитор и член на СОКОМ, за оваа пригода, се испреплетеја различните творечки периоди на Манчев- од експерименталните рани години до зрелата, филозофски продлабочена музичка мисла.

Related posts

Нови можности за соработка меѓу Гевгелија и Турда: средба на градоначалникот Сарамандов со делегација од 14 градоначалници од Романија

Нови можности за соработка меѓу Гевгелија и Турда: средба на градоначалникот Сарамандов со делегација од 14 градоначалници од Романија

септември 28, 2026
Започна изградбата на Сервисната улица 6 во Урбан блок 10 во Гевгелија

Започна изградбата на Сервисната улица 6 во Урбан блок 10 во Гевгелија

септември 28, 2026

Со извонредни изведби, на сцената настапија врвни македонски музичари: Ангела Андовска (сопран), Горан Начевски (баритон), Јана Каевска (флејта), Здравко Ангелов (кларинет), Марјан Милошевски (фагот), Мартин Димитров (виолина), Маја Михајловска (виолончело), како и пијанистките Елена Атанасовска Ивановска и Ивона Базгалоска. Нивните интерпретации, полни со страст, чувствителност и техничка совршеност, предизвикаа долготраен аплауз и емоции кај публиката. Духот на проф. д-р Манчев, присутен во секоја нота, го исполни просторот со мир, достоинство и љубов кон уметноста- како вечен потсетник дека музиката кога е создадена со срце, никогаш не замолчува.

Концертот го модерираше проф. д-р Стефанија Лешкова- Зеленковска, музиколог и долгогодишен познавач на неговото творештво, која со своите зборови успеа да ја пренесе суштината на Манчевиот уметнички дух- стремежот кон совршенство и неговата постојана потрага по нови звучни светови. Во своето обраќање, Лешкова- Зеленковска истакна дека делото на Манчев претставува „мост меѓу генерациите, меѓу традицијата и современоста, меѓу тишината и звукот“. Таа нагласи дека овој концерт е „повраток дома“- симболична средба на уметникот со својот роден град, кој сега му возвраќа со почит и признание. Во рамки на настанот, беше прочитана и богатата биографија на проф. д-р Томе Манчев, која уште еднаш потсети на неговиот извонреден придонес во развојот на македонската современа музика и педагошка мисла.

Иако својата музичка дарба ја манифестирал уште од најрана возраст, оддалеченоста од специјализираните центри за музичка едукација била причина активно да се посвети на музиката дури по завршувањето на гимназијата. Тој најнапред дипломирал на Наставно-теоретскиот, а потоа и на Композиторскиот оддел на тогашната Висока музичка школа во Скопје, во класата на академик проф. Властимир Николовски. Своето образование го надополнувал на бројни семинари и курсеви во Грожњан (Хрватска) и Олштин (Полска), каде што имал ретка можност да ги слуша предавањата на големи музички имиња како Витолд Лутославски, Пјер Шефер и Најџел Осборн. Од 1980 до 1981 година специјализирал Композиција во Прага, во класата на Јиржи Дворжачек, а во следните години ги завршил највисоките студии на Прашкиот музички факултет- Уметничка аспирантура. Во 1999 година, го стекнал својот втор докторат, овојпат на Државната академија „Панче Владигеров“ во Софија, со докторската дисертација „Движењето- суштински елемент во симфониското творештво“. Паралелно со творечката дејност, Манчев бил истакнат педагог на МБУЦ „Илија Николовски- Луј“ и Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што воспитувал генерации композитори и предавал предмети како оркестрација, техники на компонирање на XX век и анализа на музичко дело. Неговите ученици денес се дел од помладата генерација активни македонски композитори.

Со овој концерт, Гевгелија му оддаде почит на својот сограѓанин, чие творештво ги надминува границите на времето и просторот. Настанот уште еднаш ја потврди мисијата на проектот „Гевгелија град на културата“- да го слави уметничкото наследство и да ги обединува граѓаните преку културата. Како и возвраќање со љубов, љубов на градот кон својот син, чија музика продолжува да живее- како потсетник дека уметноста создадена со срце никогаш не замолчува.

Организатор на Концертот беше ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во соработка со Сојузот на композиторите на Македонија- Скопје.

Previous Post

Уметност што го преобликува просторот- Изложбата „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски отворена во Гевгелија

Next Post

26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

Next Post
26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

26 октомври: Пијанистички концерт на Глигор Гелебешев

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Урбанистички Проект за село за формирање на градежна працела со намена А1.5 Станбени куќи во состав на селски стопански двор на  дел од КП 2813 и дел од КП 2814 КО Негорци од УП за село Негорци, КО Негорци, општина Гевгелија на инвеститорот Ристо Пецуровски од Скопје со тех.бр.0701-023 од август 2026год. изработен од ДГПН ,,ГОЈА,, дооел Гевгелија 
  • Нови можности за соработка меѓу Гевгелија и Турда: средба на градоначалникот Сарамандов со делегација од 14 градоначалници од Романија
  • Започна изградбата на Сервисната улица 6 во Урбан блок 10 во Гевгелија
  • Соопштение со општ јавен повик за одржување на Стручна расправа со јавна презентација на Нацрт Измена и дополнување на ГУП за град Гевгелија (Блок 15)
  • ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset