вторник, 16 јуни , 2026
Работно време: Поеделник - Петок 07:30ч. - 15:30ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гевгелија во знакот на младинскиот музички талент: одржани годишните концерти на Школата за тапани и Секцијата за гитара

B S by B S
јуни 16, 2026
in ВЕСТИ
0
Гевгелија во знакот на младинскиот музички талент: одржани годишните концерти на Школата за тапани и Секцијата за гитара
0
SHARES
2
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Related posts

22 јуни: 12. седница на Советот на Општина Гевгелија

22 јуни: 12. седница на Советот на Општина Гевгелија

јуни 16, 2026
Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

јуни 16, 2026

Гевгелија изминативе денови беше во знакот на младинската музичка сцена, каде два традиционални годишни концерти од Програмата за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја потврдија силата на младите таленти и клучната улога во едукацијата и афирмацијата на младите во областа на музичката уметност. Публиката имаше можност да проследи две различни, но подеднакво впечатливи музички приказни- Концертот на Секцијата за гитара и Концертот на Школата за тапани, кои го исполнија градот со енергија, ритам и аплаузи.Ритамот на тапаните и енергијата на изведбите, на 11 јуни 2026 година, го претворија Народниот театар во Гевгелија во епицентар на вистински музички земјотрес. На традиционалниот Годишен концерт на Школата за тапани, младите музичари со палките во раце покажаа дека талентот, трудот и љубовта кон музиката се добитна комбинација за освојување на публиката.Од рок и поп хитови, преку безвременски екс-ју рок класици, до гранџ, хард-рок и хеви-метал композиции, вечерта беше исполнета со моќни ритми, силна енергија и одлични изведби. Публиката имаше можност да ужива во разновидна музичка програма преку која учениците ги претставија своите музички способности, напредокот и љубовта кон музиката. На сцената настапија Елена Пенова, Јани Ѓоргиев, Анастасија Јовановиќ, Зоран Ристов, Димитар Шабанов, Александар Трифуновски, Ана Ружова, Ристе Андреев, Парис Костаќев, Теодора Бацева, Даниел Наковски, Александар Кочев, Димитар Трајков и Антонио Трајковски.Со неверојатна сценска сигурност и енергија која буквално ја „запали“ публиката, овие млади луѓе докажаа дека макотрпната работа во текот на годината се исплатела до последниот удар на тапаните. Зад нивниот успех стои добро познатиот тапанар и музички педагог Момчило Делев, кој уште еднаш потврди дека Гевгелија има врвен ментор способен да бруси дијаманти од млади таленти.По претставувањето на последниот учесник, вечерта не помина само во знак на добрата свирка, туку и во славење на големите успеси на учениците. Концертот беше совршена прилика да се крунисаат резултатите постигнати на Интернационалниот натпревар по музика „Сергеј Михајлов“ во Штип преку доделување на дипломите. Со освоено прво место беа наградени Теодора Бацева, Антонио Трајковски, Димитар Трајков, Даниел Наковски, Елена Пенова, Ана Ружова, Александар Трифуновски и Александар Кочев. Посебно признание доби Теодора Бацева, која освои извонредни 99,25 поени од можни 100. Второ место освоија Парис Костаќев, Ристе Андреев и Јани Ѓоргиев, додека дипломи за успешно посетување на наставата во текот на годината добија Анастасија Јовановиќ, Димитар Шабанов и Зоран Ристов. Како и доделување дипломи за успешно завршени часови во рамки на Школата за тапани.Концертот беше награден со долг и заслужен аплауз од публиката, која уште еднаш потврди дека ваквите настани се вистински празник на младоста, талентот и музиката. Школата за тапани уште еднаш потврди дека е еден од најпрепознатливите музички брендови на Гевгелија и расадник на млади таленти кои успешно ја претставуваат општината на домашни и меѓународни музички сцени.По завршувањето на оваа ритмичка вечер, истата музичка сцена неколку дена подоцна беше исполнета со поинаков, но еднакво впечатлив уметнички израз. Платото пред Народниот театар во Гевгелија, на 15 јуни 2025 година, беше сцена на уметнички настан кој ги надмина стандардните рамки на младинска презентација. Традиционалниот годишен концерт на Секцијата за гитара наместо класична ревија на соло изведби, понуди зрел, комплексен и исклучително синхронизиран звучен бран кој веднаш ја освои преполната публика.Целиот концерт беше заснован на групни изведби, преку кои младите гитаристи прикажаа високо ниво на усогласеност, дисциплина и изразено чувство за заедничко музицирање. Во рамки на програмата беа изведени класични рок хитови, обработени теми од филмска музика, како и композиции од македонската музичка сцена, кои бараат прецизна ансамблска изведба и постојано меѓусебно слушање меѓу изведувачите.И покрај комплексноста на аранжманите, учениците: Верица Динева, Еми Стафидова, Каме Југовски, Леона Рујкова, Андреј Иванов, Филип Икономов, Љупчо Лулуџиев, Томас Ќатов, Даниел Наковски, Јован Јовановски, Матеј Димитров, Мартин Стојанов, Гроздан Дојранлиев, Никола Мелков, Петар Ризов, Сара Терзиева, Аника Зафировска, Дона Атанасова, Димитар Ивановски, Александар Здравевски, Сара Карастојанова, Маја Раденова, Антонио Димитриев и Мила Лазарова покажаа фасцинантна усогласеност и сценска сигурност, претворајќи ја заедничката изведба во единствен, жив и хармоничен музички израз.Зад оваа импресивна музичка приказна стои музичарот Костадин Динев, чија работа е насочена кон развивање не само на индивидуалните музички способности, туку и на колективното музицирање и сценската дисциплина на учениците. Преку систематска работа и пренесување на практично искуство, тој успева да го насочи талентот на учениците кон сценска зрелост и музичка прецизност.Преполнетото плато, каде што публиката уживаше во секој изведен тон, беше најдобра потврда за квалитетот и значењето на овој настан. Концертот заврши со долготрајни и заслужени овации, како признание за вложениот труд, посветеност и музичка енергија на младите изведувачи.Секцијата за гитара уште еднаш се потврди како важен културен сегмент во Гевгелија и расадник на млади таленти кои успешно ја претставуваат општината на културната сцена.

Previous Post

Прогласени првенците на генерација во основното и музичкото образование во општина Гевгелија

Next Post

Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

Next Post
Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • 22 јуни: 12. седница на Советот на Општина Гевгелија
  • Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија
  • Гевгелија во знакот на младинскиот музички талент: одржани годишните концерти на Школата за тапани и Секцијата за гитара
  • Прогласени првенците на генерација во основното и музичкото образование во општина Гевгелија
  • Општина Гевгелија со апел за максимална претпазливост од пожари во услови на силен ветер: Теренските патроли со акција и во: Негорци, Богородица, Миравци, Давидово и Милетково

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset