понеделник, 13 јули , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Енергија, ритам и традиционална култура: Ансамбл „Македонија“ со незаборавен концерт во Гевгелија

Petar by Petar
ноември 14, 2025
in ВЕСТИ
0
Енергија, ритам и традиционална култура: Ансамбл „Македонија“ со незаборавен концерт во Гевгелија
0
SHARES
17
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 13 ноември, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, се одржа целовечерниот концерт „Ансамбл Македонија со вас“ на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“. Настанот понуди богата сценско-музичка програма во која се преплетеа глума, пеење, инструментална музика и танцови изведби, создавајќи живописни прикази од традиционалниот и градскиот македонски живот. Публиката со воодушевување ја следеше секоја точка и често го наградуваше Aнсамблот со долги аплаузи.

Настанот предизвика голем интерес кај публиката, која ја исполни салата и со овации ги дочека изведувачите. Ансамблот „Македонија“ ја поведе гевгелиската публика на музичко-танцово патување низ звуците на чалгијата и градската традиција, прикажувајќи ги најубавите игри и песни од: Тетово, Битола, Велес, Скопје, Струга и Охрид.

Related posts

Министерот за транспорт, Николоски во Гевгелија на увид во инфраструктурните проекти и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“

Министерот за транспорт, Николоски во Гевгелија на увид во инфраструктурните проекти и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“

јули 10, 2026
09 – 11 јули: Внимателно возење на патот Гевгелија – Смрдлива Вода поради активности за расчистување одрони

09 – 11 јули: Внимателно возење на патот Гевгелија – Смрдлива Вода поради активности за расчистување одрони

јули 9, 2026

Во текот на концертот, публиката имаше можност да ужива во вокалната изведба на „Мори Јаглико“ од град Тетово, следеше женското оро „Адана“ од истиот град, како и „Јени Јол“, исто така женско оро од Тетово. Од град Велес, Ансамблот ја претстави оркестарската изведба „Невестинско венчално“, додека публиката од Тетово ја слушна и вокалната „Пред куќата имат“. Од Скопје следуваше вокалната точка „Ќе ти купам широк фустан“, а од Битола- женското оро „Пештреф“. Женското оро „Кавала“ од Крушево, вокалната „Шеќерино малој моме“ од Тетово, машкото оро „Чамче“ од Охрид, вокалната „На Струга дуќан да имам“ од Струга и вокалната „Голема риџа ти чинам“ од Охрид ја збогатија сценската програма, создавајќи разновиден и автентичен приказ на македонската музичко-играорна традиција.

Особено впечатлив беше богатството на автентични народни носии, внимателно селектирани од различни етнографски предели. Богатиот костимографски фонд на Ансамблот, проследен со специфични социјални реквизити, ја збогати сценската слика и ѝ овозможи на публиката да го почувствува духот, естетиката и разновидноста на традиционалниот начин на живеење.

Во рамки на овој визуелен сегмент, силен впечаток остави сценската претстава на историската модна еволуција – од „ала Турка“, со своите ориентални влијанија од крајот на XIX и почетокот на XX век, до „ала Франга“, западноевропскиот градски стил што го одразува подемот на модерниот македонски град. Преку внимателно избраните носии и нивната сценска интерпретација, Ансамблот успеа да ја долови трансформацијата на стилот, вкусот и културните влијанија што ја обликуваат македонската урбана традиција.

Репертоарот на Ансамблот ги опфати играорните подрачја од сите делови на државата- Западно, Југозападно, Јужно, Источно и Северно- со високо професионална обработка на карактеристичните орски чекори, ритми и музички стилови. Публиката имаше можност да ужива во извонредни интерпретации на традиционална инструментална и вокална музика, изведена од професионалци и студенти од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев- Штип, при што функционира Ансамблот „Македонија“. Под менторство на врвни стручњаци, достоинствено го носи епитетот на единствен и автентичен репрезент на традиционалната култура во земјата.

Со својата енергична сценска изведба, Ансамблот „Македонија“ го потврди значењето на традицијата како жив израз на македонската културна духовност, оставајќи силен уметнички впечаток и потсетувајќи дека музичко-играорниот дух на народот продолжува да живее со истата сила.

Настанот беше организиран од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Етнокореолошкиот оддел, со помош од м-р Силвестер Проле, и со поддршка од Општина Гевгелија и Министерството за култура и туризам.

Previous Post

Улицата „Иван Марков Братот“ во Богородица добива нов лик

Next Post

Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (јануари – септември)

Next Post
Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (јануари – септември)

Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (јануари - септември)

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Министерот за транспорт, Николоски во Гевгелија на увид во инфраструктурните проекти и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“
  • 09 – 11 јули: Внимателно возење на патот Гевгелија – Смрдлива Вода поради активности за расчистување одрони
  • Дванаесетта седница на Совет на Општина Гевгелија – 22 јуни 2026
  • Пријава на штети од невремето на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Гевгелискиот регион
  • Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела на дел од КП бр.181/4 КО Мрзенци од Урбанистички план за село Мрзенци со разработка на Блок 7,12,14 и 25, општина Гевгелија

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset