Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година од вкупниот износ 653.714.271 денар е зголемен за 21.624.546 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на 47. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 675.338.817 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година се однесува на зголемување Основниот буџет за 2.642.320 денари од трансфери од други нивоа на власт, буџетот на дотации за 18.932.698 денари од трансфери од други нивоа на власт, буџетот на самофинансирање за 1.183 денари- приходи за такса и надоместоци и буџетот на донации се зголемува за 48.345 денари од донации од странство за добиени проекти.
Со измените и дополнувањата, во Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 32.794.763 или 4,86,%, додека капиталните расходи со 18,80% или 126.995.561 денар. Во Основниот буџет, капиталните приходи изнесуваат 32.794.763 или 10,89%. Додека, 32,87% припаѓаат на капиталните расходи или 98.950.235 денари, што е показател за задржување на развојната компонента на Општина Гевгелија преку извршувањето на Општинскиот буџет за 2024 година.