вторник, 23 јуни , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Илјадници посетители, музички спектакл и голема инвестиција: „Мега шопинг парк“ ги отвори вратите во Гевгелија

Petar by Petar
мај 29, 2026
in ВЕСТИ
0
Илјадници посетители, музички спектакл и голема инвестиција: „Мега шопинг парк“ ги отвори вратите во Гевгелија
0
SHARES
43
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Со свечена церемонија и во присуство на бројни гости, претставници на Владата, локалната самоуправа и бизнис-секторот, денес, во Гевгелија, официјално ги отвори вратите „Мега шопинг парк“. Со пресекување на црвената лента од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски и генералниот директор на „Мега шопинг парк“, Сотирис Јанакудакис, се одбележа почетокот на работата на еден од најголемите современи трговски комплекси во регионот.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во своето обраќање по повод отворањето нагласи дека реализацијата на оваа инвестиција претставува значаен чекор за економскиот развој на општината и отворање нови можности за локалната заедница.

Related posts

Започнуваат подготовките за гевгелискиот Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев 2026“

Започнуваат подготовките за гевгелискиот Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев 2026“

јуни 23, 2026
Нова водоводна мрежа во „Мрзенски Рид“: започна изградбата на цевководот на улица „Александар Бел“

Нова водоводна мрежа во „Мрзенски Рид“: започна изградбата на цевководот на улица „Александар Бел“

јуни 17, 2026

– Отворањето на „Мега шопинг парк“ значи нова економска енергија за локалната заедница. Овој проект ќе овозможи над 400 нови вработувања и ќе придонесе за поголем број ноќевања од транзитните туристи. Гевгелија денес е ставена на мапата на сериозни инвестиции и прераснува во регионален центар на шопинг туризам, дестинација со врвни трговски, угостителски и забавни услуги. Нека е аирлија- истакна градоначалникот Сарамандов.

Генералниот директор на „Мега шопинг парк“, Сотирис Јанакудакис, истакна дека проектот претставува симбол на развој и современ пристап кон трговијата и услугите:

– Денес славиме реализација на една голема визија и проект што го рефлектира силниот економски потенцијал на земјата и нашиот регион. „Мега шопинг парк“ е создаден да постави нови стандарди, а со внимателното интегрирање на сите содржини на едно место, создадовме уникатен простор кој го нуди концептот ‘Total Experience’ и во целост ги задоволува сите потреби на посетителите. Нашата амбиција е јасна, а тоа е да ја трансформираме Гевгелија од транзитна точка во вистинска регионална и европска дестинација и да создадеме модерно обележје на кое целата заедница ќе биде горда.

По официјалниот дел и пресекувањето на лентата, посетителите имаа можност да го разгледаат новиот комплекс, кој се простира на површина од над 20.000 метри квадратни и располага со повеќе од 50 домашни и интернационални брендови, современи продажни објекти, угостителски содржини, детска гејминг-зона, куглана, простор за забава, како и пространи паркинг-места и полначи за електрични возила. „Мега шопинг парк“ претставува модерна и функционална дестинација за шопинг, рекреација и забава за посетителите од целиот регион.

Своја изјава за медиумите даде и премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски:

– Овој шопинг-центар е огромна додадена вредност за економијата, не само во Гевгелија, туку и за целата држава. Очекувам да прерасне во место кое ќе го посетуваат сите кои транзитираат низ Македонија по Коридорот 10, бидејќи содржините што ги нуди се навистина импресивни. Колку повеќе вреди вашиот бизнис и колку е тој поголем, толку државата станува посилна. Ова е прекрасен објект кој на економијата во Гевгелија и дава нова димензија.

Во својот осврт на официјалната Фејсбук-страница за денешното отворање на „Mега шопинг парк“, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, потенцираше дека во изминатите четири години локалната самоуправа активно работеше на подобрување на инфраструктурата, урбаното уредување и создавањето поволни услови за инвеститорите и бизнис-заедницата. Според него, токму таквиот пристап придонел Гевгелија денес да биде препознаена како општина привлечна за домашни и странски инвестиции, кои носат нови работни места, економски придобивки и развој за целиот регион.

Сарамандов изрази благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за поддршката во процесот на носење нови урбанистички планови, кои претставуваат основа за реализација на идни инвестиции и локален економски развој. Тој додаде дека преку заедничката реализација на повеќе проекти, Општина Гевгелија продолжува да се развива во модерна, урбана и економски стабилна заедница со поволна бизнис-клима.

Во продолжение, Сарамандов ја нагласи важноста на новите инвестиции за позиционирање на Гевгелија како значаен економски центар во Југоисточниот Регион, особено имајќи ја предвид близината со Грција и зголемениот број посетители и транзитни туристи од регионот. Тој се осврна и на успешната соработка со тимот на „Mега шопинг парк“, оценувајќи дека токму партнерскиот однос и заедничката посветеност придонеле проектот успешно да се реализира за релативно краток период. На крајот, Градоначалникот им посака успешна работа, многу посетители и долгогодишен успех на инвеститорите и целиот тим на „Mега шопинг парк“.

Инаку, свеченото отворање на „Мега шопинг парк“ се означува со богата четиридневна културно-забавна програма, која започна вчера и ќе трае до 31 мај. Посетителите имаат можност да уживаат во настапите на познати домашни и регионални музички имиња, меѓу кои Тамара Тодевска, Иви Адаму, Кирил Џајковски, Северина, Пајак, Слаткаристика и други изведувачи, како и во разновидни содржини наменети за сите генерации. Покрај музичката програма, организирани се и бројни активности за најмладите посетители, вклучувајќи детски аниматори, маскоти со омилени ликови од сказните и цртаните филмови, креативни зони, гејминг-содржини, интерактивни игри и забавни активности.

Previous Post

Одржани 10. седница и 11. вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија

Next Post

Градоначалникот Сарамандов и оваа година традиционално ги пречека учесниците на „Калинка 2026“

Next Post
Градоначалникот Сарамандов и оваа година традиционално ги пречека учесниците на „Калинка 2026“

Градоначалникот Сарамандов и оваа година традиционално ги пречека учесниците на „Калинка 2026“

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Урбанистички Проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 1.2 за намена Г2 – лесна индустрија на КП 2455/12, 2455/13, 2455/14, 1374/2 КО Прдејци согласноУПС Прдејци, општина Гевгелија (Одлука бр.09-1864/1 од 24.07.2015год.)
  • Урбанистички Проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 1.1 за намена Г2 – лесна индустрија на КП 2455/10, 2455/11 КО Прдејци согласноУПС Прдејци, општина Гевгелија (Одлука бр.09-1864/1 од 24.07.2015год.)
  • Започнуваат подготовките за гевгелискиот Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев 2026“
  • Одлука за неспроведување стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на дел од КП 221 КО Мрзенци, општина Гевгелија
  • Единаесетта (вонредна) седница на Совет на Општина Гевгелија – 27 мај 2026

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset