Градскиот плоштад во Гевгелија беше исполнет со шарена река од дечиња, држејќи во рацете балони во разни бои и повеќе активности кои ги проследија родителите, како и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Со кореографии и пренесени пораки за радост и среќа дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“, подготвени од своите воспитувачки, ја одбележаа Светската недела на детето.
Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство од одличната организација на настанот, потенцирајќи дека времето поминато со најмладите е секогаш продуктивно време со многу позитива и дека нивните размислувања честопати позитивно нè изненадуваат. Притоа, апелираше дека само со работа и посветеност тие ќе станат добри личности, а на дечињата им посака среќно и успешно детство.