четврток, 23 јули , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Координативен состанок за превенција од пожари во Општина Гевгелија – апел до граѓаните за одговорно однесување

Petar by Petar
јуни 8, 2026
in ВЕСТИ
0
Координативен состанок за превенција од пожари во Општина Гевгелија – апел до граѓаните за одговорно однесување
0
SHARES
6
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на Општина Гевгелија, се одржа координативен состанок со претставници на сите надлежни институции и служби вклучени во системот за заштита и спасување, со цел навремена подготовка и координација пред претстојната сезона на пожари и зголемените ризици што ги носат високите летни температури.

На состанокот беа разгледани мерките и активностите што секоја институција ќе ги презема во рамки на своите надлежности, како и можностите за унапредување на меѓусебната комуникација и координација при евентуални интервенции на терен. Посебен акцент беше ставен на раната детекција на пожари, брзата реакција на службите, превентивните активности во ризичните подрачја и подготвеноста на сите расположливи ресурси за навремено справување со можни пожарни ситуации.

Related posts

Нов комунален зафат во „Караорман“: Почна изградбата на фекалната канализација на „Галилео Галилеј“

Нов комунален зафат во „Караорман“: Почна изградбата на фекалната канализација на „Галилео Галилеј“

јули 22, 2026
Координација за превенција од пожари и заштита од штетен дивеч во општина Гевгелија 

Координација за превенција од пожари и заштита од штетен дивеч во општина Гевгелија 

јули 17, 2026

Учесниците на состанокот ја истакнаа важноста од навремената размена на информации и заедничкото дејствување, особено во период кога високите температури, сушата и ветерот значително го зголемуваат ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор. Беше нагласено дека превенцијата останува најважниот сегмент во заштитата од пожари и дека покрај институционалната подготвеност, клучна улога има и одговорното однесување на граѓаните.

Во пресрет на летната сезона, Општина Гевгелија ги повикува сите граѓани да бидат особено внимателни при престој во природа, на обработливи површини и во близина на шумски подрачја. Се препорачува да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, сува трева и растителни остатоци, како и да се избегнува фрлање догорчиња од цигари, стаклени предмети и друг отпад што може да предизвика пожар. Дополнително, сопствениците на приватни имоти, градежни парцели, викенд-објекти и земјоделски површини се повикуваат редовно да ги одржуваат своите имоти, да ја отстрануваат сувата трева, нискостеблестата вегетација и друг лесно запалив материјал, со цел намалување на ризикот од појава и ширење на пожари.

Посебно внимание треба да се посвети и на безбедноста во домовите, деловните објекти и помошните простории. Во услови на високи температури, неисправните електрични инсталации, оштетените кабли, преоптоварените штекери, неисправните електрични уреди, како и оставањето приклучени полначи без потреба, можат да претставуваат сериозна опасност и причина за избувнување пожар. Поради тоа, се препорачува редовна проверка на електричната мрежа и навремено отстранување на евентуалните дефекти.Исто така, граѓаните се повикуваат запаливите материи и течности, како горива, бои, разредувачи, плински боци и други лесно запаливи материјали, да ги чуваат на соодветни и безбедни места, подалеку од извори на топлина и директна изложеност на сонце. Правилното складирање на ваквите материјали значително го намалува ризикот од настанување и ширење на пожари.

Општина Гевгелија потсетува дека навременото пријавување на секоја појава на оган или чад е од исклучителна важност за брза и ефикасна интервенција на надлежните служби. Доколку граѓаните забележат пожар, потребно е веднаш да го пријават на единствениот број за итни повици 112, на бројот 193 или во Територијалната противпожарна единица Гевгелија на телефон 034/211-881.

Во периодот што следува, сите надлежни институции остануваат во состојба на зголемена подготвеност, а граѓаните се повикуваат со своето одговорно однесување да придонесат за намалување на ризикот од појава и ширење на пожари на подрачјето на општина Гевгелија.

Previous Post

Градоначалникот Сарамандов и оваа година традиционално ги пречека учесниците на „Калинка 2026“

Next Post

Од рефрените на минатото до сцената на иднината – Гевгелија ја испрати „Калинка 2026“

Next Post
Од рефрените на минатото до сцената на иднината – Гевгелија ја испрати „Калинка 2026“

Од рефрените на минатото до сцената на иднината – Гевгелија ја испрати „Калинка 2026“

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • Нов комунален зафат во „Караорман“: Почна изградбата на фекалната канализација на „Галилео Галилеј“
  • Координација за превенција од пожари и заштита од штетен дивеч во општина Гевгелија 
  • Улицата „Караорман“ во Гевгелија со нов лик по изградбата на комуналната инфраструктура
  • Барање за добивање Б интегрирана еколошка дозвола – Фарма за одгледување на свињи со млин за производство на сточна храна за ДПТУ Тим Агро-Фарм ДОО с. Мрзенци, Гевгелија
  • Урбанистички Проект за село за формирање на градежна працела со намена А1.1-куќи со двор на дел од КП 467 и дел од КП 472 КО Мрзенци  од УП за село Мрзенци со разработка на Блок 7,12,14 и 25, општина  Гевгелија

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset