КОНКУРС ЗА ОБУКА НА НЕГУВАТЕЛИ ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА
📢 Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно признат сертификат да аплицираат во периодот од 01.10.2024 до 20.10.2024 година.
Обуката ќе се спроведува преку Црвен крст на РСМ – Општинска организација Неготино, како верификуван провајдер на обуката.
🔎 Заинтересираните кандидати од Општина Гевгелија можат да се пријават во просториите на Општинска организација Црвен крст Гевгелија на мејл gevgelija@redcross.org.mk или на телефонски број:
077 750 120 и 077 699 036
Обуката за негуватели е сертифицирана и ќе биде со самофинансирање.