сабота, 3 октомври , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нацрт-буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година проектиран на 14 милиони евра

Petar by Petar
декември 13, 2025
in ВЕСТИ
0
Нацрт-буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година проектиран на 14 милиони евра
0
SHARES
37
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

На 4. седница, одржана на 10 декември 2025 година, Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови го усвои Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година. Нацрт-Буџетот е утврден на 860.235.483 денари, односно околу 14 милиони евра. Основниот буџет изнесува 442.283.382 денари, од кои редовните приходи на Општината се 293.760.040 денари, што претставува 51,41 отсто од вкупниот буџет, додека капиталните приходи од Буџетот на Република Македонија изнесуваат 148.532.342 денари, односно 33,58 отсто.

Во вкупната структура на Нацрт-Буџетот, 388.210.101 денар припаѓаат на приходи од дотации, 7.687.500 денари се приходи од донации, а 22.054.500 денари се приходи од самофинансирачки активности. Капиталните приходи во вкупната структура на Нацрт-Буџетот учествуваат со 10.750.000 денари. Во структурата на Основниот буџет, истиот износ од 10.750.000 денари се однесува на капитални приходи, додека 218.799.192 денари се планирани за капитални расходи, што претставува 49,47 отсто.

Related posts

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК за SWOT анализа за потребите на изработка на Локална стратегија за локален економски развој на Општина Гевгелија 2027–2031 г.

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК за SWOT анализа за потребите на изработка на Локална стратегија за локален економски развој на Општина Гевгелија 2027–2031 г.

октомври 2, 2026
Средба на Сарамандов со делегација од Амбасадата на Унгарија: Претставени потенцијалите на Гевгелија, отворена нова можност за соработка и поврзување

Средба на Сарамандов со делегација од Амбасадата на Унгарија: Претставени потенцијалите на Гевгелија, отворена нова можност за соработка и поврзување

октомври 1, 2026

На почетокот од расправата за Нацрт-буџетот, збор зеде градоначалникот Сарамандов. Во своето излагање рече:

– На денешната седница ја разгледување нацрт-верзијата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година како основа за носењето на предлог-буџетот на крајот од декември. Согласно насоките од Министерството за финансии, вкупниот буџет на Општина Гевгелија за 2026 година е проектиран на околу 860 милиони денари. Според рамката дадена од Министерството, Основниот буџет за 2026 година изнесува околу 442 милиони денари. Во изминатите три години, Општина Гевгелија со поддршка од Советот имаше одлична реализација на Основниот буџет и во проценти и во средства, над 90%, што придонесе за голем број реализирани капитални проекти и проекти. А во тек на реализација имаме и инвестиции што во наредниот период ќе овозможат нови работни места.

Говорејќи за структурата на Основниот буџет, тој истакна:

– Во однос на минатата година, имаме зголемување на Основниот буџет. Во делот на приходната и расходната страна, голем дел од средствата се предвидени за реализација на капитални проекти- 49%, како резултат на добрата реализација на буџетот и средствата кои што ги додели Владата на Република Македонија за реализација на проекти во општините.

Осврнувајќи се на планираните капитални проекти за 2026 година, Градоначалникот рече:

– Во 2026 година, планирани проекти во завршна реализација, целосна и почетна реализација се: реконструкција на улицата „Маршал Тито“, целосна реставрација на Старата чаршија, целосна изградба на фекална канализација во Милетково, изградба на Новопланирана улица кај Пионерски дом, изградба на нов парк на булевар „Гевгелија“ кај семафорите, скада за прочистителната станица, атмосферска канализација на улиците: „Гоце Делчев“, „Ванчо Прке“, „Кукушка“, „Петар Мусев“, „Скопска“, ново детско катче во „Касарната“, нова фекална и атмосферска канализација и нов водовод во Блок 4.4, изградба на влезна улица во Моин, изградба на водоводна линија на улицата „Александар Бел“ во Мрзенци, нов парк во Негорци. Како и: ново детско катче со фитнес-справи во Миравци, ново кошаркарско игралиште во Богородица, нов фекален колектор од новиот кружен тек до „Де Факто“, целосна реконструкција на училиштето во Серменин, нов парк на мирот кај „Сува Река“ на површина од 25.000 метри квадратни. Значителен дел од реализацијата на капиталните расходи во 2026 година, односно средства ќе потребни за асфалтирање на улиците во Гевгелија поради спомнатите улици на кои ќе се поставува атмосферска канализација и цел Блок 4.4 целосна подземна инсталација.

Во продолжение на своето излагање, Градоначалникот нагласи:

– Исто така, со буџетот ќе бидат опфатени и проекти од социјалната политика, образованието, спортот и културата, како и предвидени средства за туризмот. Дел од овие проекти ќе се реализираат од сопствените приходи, дел од средствата од Владата, а дел со грантови од домашни и странски организации на чии повици како локална самоуправа аплициравме во изминатиот период. Дел од проектите се од Програмата за Локалните избори, а дел барања на граѓаните. До подготовката и носењето на Предлог-Буџетот за 2026 година, ќе следува јавна расправа со граѓаните од општина Гевгелија. Верувам дека и оваа година ќе продолжиме со добра реализација на буџетот што ќе придонесе за развој на нашата општина со конкретни проекти од значење за добробитта на граѓаните.

Previous Post

Општина Гевгелија ја најавува новогодишната забава за заеднички дочек на 2026 година на Градскиот плоштад

Next Post

„30 прсти“ во Гевгелија: камерна музика што ја освојува публиката

Next Post
„30 прсти“ во Гевгелија: камерна музика што ја освојува публиката

„30 прсти“ во Гевгелија: камерна музика што ја освојува публиката

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК за SWOT анализа за потребите на изработка на Локална стратегија за локален економски развој на Општина Гевгелија 2027–2031 г.
  • Средба на Сарамандов со делегација од Амбасадата на Унгарија: Претставени потенцијалите на Гевгелија, отворена нова можност за соработка и поврзување
  • Четвртото издание на „Сите уф Серменин“ собра околу 140 велосипедисти
  • Општина Гевгелија со 97 проценти активна транспарентност во 2026 година, прва во Југоисточниот Регион
  • Урбанистички Проект за село за формирање на градежна працела со намена А1.5 Станбени куќи во состав на селски стопански двор на  дел од КП 2813 и дел од КП 2814 КО Негорци од УП за село Негорци, КО Негорци, општина Гевгелија на инвеститорот Ристо Пецуровски од Скопје со тех.бр.0701-023 од август 2026год. изработен од ДГПН ,,ГОЈА,, дооел Гевгелија 

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
    • ДОКУМЕНТИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset