Се известуваат граѓаните на општина Гевгелија дека на 12 август 2025 (вторник), во Малата сала на Народниот театар, со почеток од 14:30 часот, ќе се одржи Јавна презентација по повод започнување на реализацијата на Проектот: „Изведба на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција, на територија на Северна Македонија“.
Јавната презентација се организира со цел запознавање на локалното население со проектните активности и нивната динамика на подрачјето на општина Гевгелија, како и со механизмот за жалби и поплаки кој локалното население ќе може да го користи во текот на спроведувањето на Проектот.