Осумнаесеттата (18.) седница на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи на 13 ноември 2026 година (петок), со почеток во 10:30 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. На дневниот ред на седницата се предложени 14 точки:
1. Предлог-Одлука за одобрување на Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2027 година,
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Гевгелија,
3. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за линиска инфраструктурна градба: новопланиран CH 10 (20) KV подземен кабелски вод од кабелска спојница до кабелска спојница на КП 1220/1 КО Прдејци, општина Гевгелија,
4. Предлог-Решение за давање согласност за прифаќање донација од „ЛИДЛ“ ДООЕЛ Скопје,
5. Предлог-Одлука за времен престанок со работа на Подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во населено место Мрзенци, во состав на Општинското основно училиште „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за времен престанок со работа на Подрачното училиште „Мирче Ацев“ во населено место Кованец, во состав на Општинското основно училиште „Ристо Шуклев“- Негорци,
7. Предлог-Одлука за времен престанок со работа на Подрачното училиште „Ристо Динев“ во населено место Милетково, во состав на Општинското основно училиште „Климент Охридски“- Миравци,
8. Предлог-Одлука за времен престанок со работа на подрачното училиште „Ѓорѓе Делев“ во населено место Смоквица, во состав на Општинското основно училиште „Климент Охридски“- Миравци,
9. Предлог-Одлука за разрешување членови на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Гевгелија,
10. Предлог-Одлука за именување членови на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Гевгелија,
11. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2026 година, за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година, со посебен осврт на периодот од 01.07.2026 до 30.09.2026 година,
12. Информација за хортикултурното средување и одржување на паркови и зелени површини во градот и околните населени места во општина Гевгелија,
13. Информација за активностите на ТППЕ- Гевгелија (за периодот јануари–септември и октомври 2026 година),
14. Информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија.


