Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 14. седница на 24 август 2026 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. На седницата ќе бидат разгледани 36 точки од повеќе области од значење за функционирањето и развојот на општината- од областа на буџетот, урбанизмот, образованието, културата, како и работата на општинските јавни установи и претпријатија. За работа на претстојната седница е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година (период 01.01.2026 – 30.06.2026 година),
2. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2027 година,
3. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење за прогласување на Споменичката целина „Вардарски рид- Гортинија“, Гевгелија, за културно наследство од особено значење,
4. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода- невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места Гевгелија, Ново Конско, Кованец, Прдејци и Негорци на ден 30.06.2026 година и 01.07.2026 година,
5. Предлог-Одлука за прифаќање на донација на фотоволтаична централа и систем за заштита од пад при работа на висина за Спортската сала ДТВ „Партизан“- Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за прифаќање на донацијата од „ЛИДЛ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ- Скопје,
7. Предлог-Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка на Општина Дојран со Општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителски објект во Општина Гевгелија,
9. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-план Измена и дополнување на ГУП за град Гевгелија (Блок 15) и донесување на ДУП за Блок 15.12, Блок 15.13 и Блок 15.16 во обединета постапка, Општина Гевгелија,
10. Предлог-Одлука за донесување на Измена и дополнување на Блок 19 од Урбанистички план за село Прдејци, Општина Гевгелија, плански период 2025-2035 година,
11. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Изменување и дополнување на Блок 3 од УПС Прдејци, Општина Гевгелија,
12. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Гевгелија за 2026 година,
13. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена А1.5- станбени куќи во состав на стопански двор на КП 1335 КО Мрзенци, Општина Гевгелија,
14. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план: новопланиран СН 10(20)kV подземен кабелски вод од кабелска спојница до новопланирана трафостаница КБТС 10(20)/0,4kV на КП 3705 во КО Богородица, Општина Гевгелија,
15. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура со намена Е1.8- водови за пренос на електрична енергија- подземен приклучок СН 10(20)kV вод за потребите на фотонапонски панели за производство на електрична енергија, КО Мрзенци, Општина Гевгелија,
16. Предлог-Одлука за донесување на план за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници и поделба на ГП бр. 9.1.96 од ДУП за Блок 9 (9.1 и 9.2), со намена А1.2- семејни куќи со споен ѕид на меѓа- двокуќи, КО Гевгелија, Општина Гевгелија,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
19. Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за екскурзии, излети и вонучилишни активности на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
22. Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2025/2026 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2026/2027 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата, успехот и постигнатите резултати на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2025/2026 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2026/2027 година,
27. Предлог-Решение за давање согласност за формирање комбинирани паралелки и паралелки со помал број ученици во основните училишта од Општина Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
28. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
29. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
30. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2027 година,
31. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
32. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
33. Предлог-Решение за давање согласност за зголемување/намалување на бројот на деца во групите на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2026/2027 година,
34. Предлог-Решение за давање согласност на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
35. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2027 година,
36. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2027 година.


