Општина Гевгелија оствари 97 проценти активна транспарентност во 2026 година, покажува најновиот Индекс на активна транспарентност, објавен од Центарот за граѓански комуникации. Со овој резултат, Општина Гевгелија е на прво место меѓу општините од Југоисточниот Регион. Во однос на минатогодишното мерење, кога имала 93,1 проценти, Гевгелија бележи подобрување од 3,9 процентни поени, со што се рангира на 12. место.
Индексот ја мери активната, односно проактивната транспарентност на институциите- објавувањето информации од јавен карактер по сопствена иницијатива, без претходно да биде поднесено барање од граѓаните. Во истражувањето за 2026 година се опфатени 102 институции, односно Владата, сите министерства и сите општини.
Истражувањето и рангирањето го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а мерењето се однесува на информациите што институциите ги објавуваат на своите интернет-страници. Индексот опфаќа различни категории информации поврзани со работата на институциите, нивните надлежности и услуги, пристапот до информации од јавен карактер, како и финансиските и други информации од значење за јавноста.
Резултатот од 97 проценти ја става Општина Гевгелија меѓу општините со многу високо ниво на активна транспарентност, при што годинава е задржана лидерската позиција во Југоисточниот Регион и е забележан дополнителен напредок во однос на претходното мерење.





