Низ многу забава, дружење и предложени иницијативи на младите помина отворениот ден што го организираше Локалниот младински совет на Општина Гевгелија во Локалната канцеларија за млади, во Народниот театар- Гевгелија. Со мотото „Рашири ги хоризонтите и дознај нешто ново“, членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија започнаа со отворените денови во Младинската канцеларија.
Отворените денови се предвидени да се одржуваат секој вторник, од 13:00 часот. На коишто, со кафе и друштвени игри, младите ќе можат да гo унапредат младинското учество и со иницијативи во различни надлежности на Општина Гевгелија да ги зајакнат младинските политики на локално ниво. Коишто, пак, ќе бидат застапувани од Локалниот младински совет на Општина Гевгелија пред Градоначалникот на општина Гевгелија и Советот на Општина Гевгелија.