Општина Гевгелија ја известува јавноста дека на 26 август 2026 година (среда), во вечерните часови, ќе го спроведе четвртото теристичко прскање против комарци на целото подрачје на општината.
Во врска со реализацијата на акцијата, Општина Гевгелија ги упатува следните апели и известувања: иако средството што ќе се користи за дезинсекција е безбедно за здравјето на луѓето, граѓаните за време на спроведувањето на прскањето да избегнуваат непотребно движење и престој на отворено во зоните каде што се врши третирањето.
Пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни заштитни мерки за затворање и обезбедување на пчелните семејства и пчеларниците пред и за време на третманот.
Доколку временските услови бидат непогодни (дожд или силен ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена, а за новиот термин граѓаните ќе бидат дополнително известени.



