Членовите на Драмската секција при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 15 април 2025 година, на сцената во Народниот театар- Гевгелија, ќе ја изведат театарската претстава „Чорбаџи Теодос“. Изведбата ќе започе во 20:00 часот, а влезот е слободен.
Режијата е на Катица Џишева Дупарова, која раководи со Драмската секција, а сценографијата и реквизитите на Гордана Петрова и Александар Јанев. Изведбата на „Чорбаџи Теодос“, како приказ на работата на Драмската секција при Пионерскиот дом, е дел од програмата за културни активности и настани по повод манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
