Во рамки на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и 5-дневите активности за чествување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, ООМУ „Васо Карајанов“ организира Концерт „Музичка разгледница“. Концертот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година, во Балетската сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот.
Програмата ја отвора Андреа Узунова со делото „Морска вила“ од Л. Шите. Следува Кирил Јованов со „Коло“ од Ј. Врховски и Никола Пандев со „Снежец“ од Н. Д. Храшовец. Потоа, настапува Тома Павловски со „Во земјата на џуџињата“ од А. Роули, а по него Јована Ризова со Пиеса од В. Цилок.
Ана Марија Кузмановиќ ја изведува „Пиеса“ од Ј. Хајдн, Јана Трајков- „Гавот“ од Ј. Госек, а Павле Тасев- „Етида“ од В. Џилок. Продолжува Мохан Мишра со „Валцер“ од Е. Григ, по што настапува Кришна Мишра со „Топка“ од Д. Штајбелт.
Ана Марија Саздова ја изведува „Пиеса“ од М. Гарлицки, Лазар Мијов- „Балада Оп. 100 бр. 15“ од Ф. Бургмилар, а Виктор Марков- „Концерт Оп. 11“ од Ф. Кихлер. Потоа, следува Тодор Андоски со „Хабанера“ од Ж. Бизе и Теодора Шутарова со „За Елиза“ од Л. В. Бетовен.
Матеа Тунџева ја изведува „Тамбурин“ од Л. Обер, Илија Димов- „Етида Оп. 109, бр. 15“ од Ф. Бургмилар, а Флора Апостолова- „Рондо од свита во h-moll“ од Ј. С. Бах.
Концертната програма завршува со дуо-пијано во изведба на Вангел Марков и Благоја Стоев со делото „Трепак“ од П. И. Чајковски.
Корепетитор е Соња Јованова. Учесниците кои настапуваат се во Класите по пијано, виолина, флејта и кларинет на професорите: Влатко Сампламаев, Александар Лазаров, Душко Лазаров, Соња Панова, Маја Зафирова, Сузана Стефанова и Костадин Издушнов.
Со овој концерт, учениците и професорите од ООМУ „Васо Карајанов“ уште еднаш ја покажуваат својата посветеност, љубов и талент кон музиката, збогатувајќи ја културната понуда на Гевгелија и давајќи сопствен придонес во одбележувањето на Општинскиот празник и програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Настанот е отворен за јавноста и претставува вистинска можност љубителите на музиката да уживаат во настапите.






