Советот на Општина Гевгелија на 4 јули 2025 година ќе ја одржи својата 64. седница, со почеток во 10:30 часот, во Малата сала на Народниот театар во Гевгелија. За работа на седницата е предложен следниот дневен ред:
1. Информација за работата на Локалната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
2. Информација за работата на Општинската комисија за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија,
3. Информација за детското престапништво на територијата на општина Гевгелија,
4. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за воведување еднонасочен режим на сообраќај на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за обезбедување финансиска поддршка од Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година на Леонид Цуклев од Гевгелија за учество на Интернационалната олимпијада по информатика во Боливија и на Балканската олимпијада по информатика во Италија,
7. Предлог-Решение за давање согласност на дополнувањето на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,
8. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителскиот објект „Бел Рај“- Миравци на 25.07.2025 и 26.07.2025 година,
9. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија како претставник на Општина Гевгелија,
10. Предлог-Решение за именување член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Гевгелија како претставник на Општина Гевгелија.