Петнаесет ученика од класите по флејта и кларинет при ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија настапија на Завршниот концерт што се одржа на 5 јуни 2025 година во училишните простории. Пред своите семејства, наставници и пријатели, младите музичари со голема енергија и љубов кон класичната музиката изведоа композиции, во корепетиција на професорот по пијано, Александар Лазаров.
Наставата по дувачки инструменти ја водат професорите Сузана Стефанова (флејта) и Костадин Издушнов (кларинет), под чија поддршка учениците изградија одлична музичка комуникација и самодоверба на сцена. Концертот, во рамки на прогрмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, беше одлична завршница на учебната година и потсетник дека со труд, малку храброст и многу љубов кон музиката- секој настап може да биде вистинско доживување.





