Утре (11 јуни 2025 година), во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ќе се одржи второто издание на Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Најмладите членови на Ансамблот, детските групи до 15-годишна возраст со своите настапи ќе ја претстават свежината, енергијата и љубовта кон фолклорното богатство.
Концертот, кој започнува во 20:00 часот, е бис за одбележување на уште една успешна и плодна сезона за „Бојмија“, а воедно ќе биде и можност да се прикаже дел од годишната работа, трудот и посветеноста на младите членови и нивните кореографии.

