Како резултат на произлезените заклучоци, мерки и активности од состанокот за координација помеѓу преставниците на институциите коишто делуваат во противпожарната заштита на подрачјето на општина Гевгелија, изработен е флаер којшто посочува на превенција од пожари во летниот период. Флаерот го носи мотото „Кажи стоп на шумските пожари- Твојата одговорност започнува сега“ и содржи конкретни препораки и мерки за спречување пожари особено во текот на летната сезона.
Се апелира до граѓаните: да не се пали оган на отворено, вклучително и на имот во лична сопственост, да не се фрлаат отпушоци на отворено и да се прават заштитни појаси покрај домовите и викендиците. Сите сомнителни активности во континуитет да се пријават на повикувачкиот број 112.
