Со положување свежо цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ во Гевгелија, денеска беше одбележана 34-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија. Делегација предводена од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со делегации на Советот на Општината, јавните институции, политичките партии, како и на Здружението на борци и нивните продолжувачи, им оддадоа почит на загинатите херои кои го втемелија патот на македонската државност.
На собирот збор зеде Ангел Алчинов, секретар на Општинското здружение на СЗБ од НОВ и нивните продолжувачи, кој потсети дека токму на овој ден, пред 34 години, преку референдум 95 проценти од македонските граѓани се изјасниле за самостојна и независна држава. „Сонот за слободна македонска држава се оствари,“ рече Алчинов, додавајќи дека патот на независноста донесе и бројни предизвици кои сè уште се чувствуваат во секојдневниот живот.
Тој подвлече дека токму затоа одговорноста на оние кои ја водат државата е голема, бидејќи македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – традиција што, како што рече, мора да продолжи и во иднина.
По повод празникот, градоначалникот Андон Сарамандов, на својата официјална Фејсбук страница упати честитка до граѓаните:
– Нека ни е честит 8 септември- Денот на независноста на Република Македонија! Во 1991 Македонија ја доби својата независност. Денес, со заедничка и секојдневна работа ја градиме државата што ја посакуваме за нас и нашите деца. Нашата мисија е да ја чуваме и градиме Македонија, како силна и достоинствена држава, со подобри услови за живот. Да вложуваме во генерации кои ќе ја носат љубовта кон татковината и ќе ја пренесуваат на идните поколенија. Нека заедно славиме уште многу години независност и заедништво! На сите сограѓани Ви посакувам пријатен празничен ден.
Славењето на овој голем државен празник беше збогатено и со поставување македонски знаменца на канделабрите по шеталиштето на плоштадот и околу централното градско подрачје во Гевгелија, со што градот доби уште посвечен и празничен изглед.
Со положување свежо цвеќе пред Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ во Гевгелија, денеска беше одбележана 34-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија. Делегација предводена од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со делегации на Советот на Општината, јавните институции, политичките партии, како и на Здружението на борци и нивните продолжувачи, им оддадоа почит на загинатите херои кои го втемелија патот на македонската државност.
На собирот збор зеде Ангел Алчинов, секретар на Општинското здружение на СЗБ од НОВ и нивните продолжувачи, кој потсети дека токму на овој ден, пред 34 години, преку референдум 95 проценти од македонските граѓани се изјасниле за самостојна и независна држава. „Сонот за слободна македонска држава се оствари,“ рече Алчинов, додавајќи дека патот на независноста донесе и бројни предизвици кои сè уште се чувствуваат во секојдневниот живот.
Тој подвлече дека токму затоа одговорноста на оние кои ја водат државата е голема, бидејќи македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – традиција што, како што рече, мора да продолжи и во иднина.
По повод празникот, градоначалникот Андон Сарамандов, на својата официјална Фејсбук страница упати честитка до граѓаните:
– Нека ни е честит 8 септември- Денот на независноста на Република Македонија
Во 1991 Македонија ја доби својата независност. Денес, со заедничка и секојдневна работа ја градиме државата што ја посакуваме за нас и нашите деца. Нашата мисија е да ја чуваме и градиме Македонија, како силна и достоинствена држава, со подобри услови за живот. Да вложуваме во генерации кои ќе ја носат љубовта кон татковината и ќе ја пренесуваат на идните поколенија.
Нека заедно славиме уште многу години независност и заедништво! На сите сограѓани Ви посакувам пријатен празничен ден.