Општинската изборна комисија Гевгелија ја информира јавноста дека е изготвен и објавен опис на избирачките места на подрачјето на општината.
Описот на избирачките места содржи податоци за:
– Општината и населеното место во кое е формирано избирачкото место;
– Бројот на избирачкото место;
– Локацијата за гласање (објект и точна адреса);
– Улиците кои припаѓаат на избирачкото место;
– Опфатот по улици (сите броеви, дел од броеви, парни или непарни броеви, како и без број).
На овој начин, сите граѓани можат да извршат увид во описот на избирачките места и да се информираат каде ќе го остварат своето избирачко право.