Со цел да се поттикне активно учество на граѓаните и развој на локалниот спорт, Општина Гевгелија објави Конкурс за финансиска поддршка на: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот во општина Гевгелија за 2026 година. Конкурсот има за цел развој на натпреварувачкиот и рекреативниот спорт, унапредување на училишниот спорт и поддршка на лица со попреченост, како и промоција на здравиот начин на живот и спортските вредности во заедницата.
Право на учество имаат сите правни и физички лица кои организираат спортски активности, натпревари и манифестации, во согласност со Законот за спорт. Конкурсот е отворен до 3 декември 2025 година, а пријавите се пополнуваат во образецот (посебен за физички и посебен за правни лица) што може да се преземе од веб-страницата на Општина Гевгелија.
Повеќе информации, упатства за пријавување и обрасците, заинтересираните апликанти можат најдат на официјалната веб-страница на Општина Гевгелија, на линкот даден во прилог. Со објавувањето на овој Конкурс, Општина Гевгелија ја потврдува својата посветеност на развојот на спортот и активно учество на граѓаните во локалната заедница.


