Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за Урбанистички план вон населено место за индустриска зона „Блокотехна“ КО Негорци, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, на 28 ноември 2025 година (петок), со почеток во 12:00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена, и тоа од 28 ноември до 28 декември 2025 година.
Локацијата на планскиот опфат се наоѓа во индустриската зона „Блокотехна“, с. Негорци, општина Гевгелија, а вкупната површина на планскиот опфат изнесува 23,73 ха.
Во споменатиот рок, сите заинтересирани граѓани и правни лица од подрачјето опфатено со планот, како и државните органи и други институции, ќе можат да ги доставуваат своите забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или од веб-страната на Општина Гевгелија на следниот линк:



