Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, ја реализира видеокампањата посветена на подигање на свеста за машкото здравје, во рамките на одбележувањето на Ноември- Месецот на машкото здравје за 2025 година. Кампањата има за цел да ја информира јавноста за значењето на превентивните прегледи, раната дијагноза и здравите животни навики кај мажите.
Во видеото како говорник се појавува д-р специјалист уролог Благоја Здравев, ангажиран во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, кој дава стручни совети и практични упатства за зачувување на машкото здравје. Сценариото и режијата се на Петар Јанчев, додека видео продукцијата и монтажа се реализирани од Васко Трајков. Проектот е продукциски поддржан од Општина Гевгелија и Комисијата за ЕМЖМ што ја истакнува посветеноста на општината кон промоција на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.
Општината изразува голема благодарност до сите партнери и соработници кои го поддржаа овој проект:
– ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија;
– СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија;
– ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија;
– Влатко Семенаков;
– Дарко Ѓоргиев;
– Александар Аврамов;
– Ацо Муров;
– Розита Андонова;
– Катица Џишева Дупарова.
За музичка подлога е користена композицијата „Overture of Conclave“.
ЛИНК: Општина Гевгелија- Видеокампања за подигање на свеста за машкото здравје 2025 година



