Општи Информации
Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м и на простор од 485 км2. Во општината живеат 22.988 жители, од кои околу 15.685 жители во општинскиот центар Гевгелија.
Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10.
Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна “хоризонтална” врска – од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација. На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство. Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашата политика за приватност. You can revoke or adjust your selection at any time under Settings.
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство. Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашата политика за приватност. Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.