петок, 28 август , 2026
Работно време: Понеделник - Петок 08:00ч. - 16:00ч.
  • Соопштенија
  • Архива
  • Контакт
Општина Гевгелија
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт
No Result
View All Result
Општина Гевгелија
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гевгелиското лето 2026 и годинава донесе разновидна културна програма

Petar by Petar
август 28, 2026
in ВЕСТИ
0
Гевгелиското лето 2026 и годинава донесе разновидна културна програма
0
SHARES
2
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Гевгелиското културно лето 2026. и годинава донесе разновидна програма, исполнета со содржини од областа на народната традиција, театарот, филмот, ликовната и книжевната уметност и музиката. Организатор на манифестацијата е ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во соработка со ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито- Гевгелија, ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, НУ Музеј- Гевгелија, локални уметници и организации од државата.

Во текот на јули и август, на повеќе локации во градот беа реализирани 12 културни настани, со програма наменета за различни генерации. Преку заедничкиот ангажман на културните установи, локалните уметници и организациите од државата, годинава беа понудени содржини кои ја опфатија традицијата, театарот, филмот, ликовната и книжевната уметност и музиката.

Related posts

215 деца од Општина Гевгелија летово бесплатно учеа пливање

215 деца од Општина Гевгелија летово бесплатно учеа пливање

август 28, 2026
Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица

Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица

август 28, 2026

Неговото свечено затворање беше баш како што доликува- гевгелиската група „Панта Реи“ со целовечерен концерт на македонска забавна и народна музика. На 25 август, на платото пред Народниот театар, публиката уживаше во познатите македонски песни и настапот на домашната група, во атмосфера исполнета со музика, дружење и добро расположение. Со концертот на „Панта Реи“ беше ставен крај на овогодишното Гевгелиско културно лето.

Програмата започна на 6 јули со „Катче на XX век“, реализирано во Старата чаршија. Настанот беше посветен на народната умотворност и традиционалниот начин на живот, а преку различни реквизити и предмети од минатото беше претставен дел од секојдневието на луѓето во минатото. Посетителите имаа можност да видат како изгледале и како се изведувале дел од традиционалните домашни активности- од сукање и подготовка на домашни производи, до користење на старите предмети и реквизити во домаќинството. На непосреден начин беше презентиран дел од традиционалниот начин на живеење и народното културно наследство.

На 7 јули, во Пионерскиот дом, беше поставена изложбата на Керамичката школа при Пионерски дом. Пред посетителите беа претставени изработките на младите учесници во школата, создадени како резултат на нивната работа и стекнатите знаења и вештини. Изложбата ја претстави креативноста на младите и нивниот интерес за керамиката како вид на уметничко и применето творештво, водени од гевгелиската вајарка и ликовен педагог, Гордана Петрова.

На 8 јули, на платото на Народниот театар, беше изведена монодрамата „Сите најубави нешта“, со актерот Игор Ангелов. Претставата е според текст на Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски и продукција на „ОХО продукција“. Приказната низ лични моменти и животни ситуации се допира до семејството, љубовта, загубата и малите нешта што го прават животот вреден. Ангелов ја водеше изведбата преку непосредна актерска игра, со директна комуникација со публиката. Во повеќе моменти присутните беа вклучени во текот на претставата, создавајќи интерактивна атмосфера меѓу актерот и публиката.

Од 9 до 13 јули, во Народниот театар, се одржа Филмскиот фестивал „Преку езерото“. Во текот на петте фестивалски денови, љубителите на филмот имаа можност да проследат филмски проекции, со што седмата уметност доби свое место во програмата на Гевгелиското културно лето. Фестивалот понуди повеќедневна филмска програма и ја збогати културната понуда во градот.

На 14 јули, на платото на Народниот театар, најмладата публика ја проследи детската театарска претстава „Приказните на Далматинко“. Станува збор за детска комедија исполнета со смеа, песна и интеракција, во која настапуваат актерите Сашо Ристовски и Магдалена Ризова Черних. Претставата им понуди на децата динамична сценска приказна, во која преку игра, хумор и непосреден контакт со публиката беа внесени во театарскиот настан. Со содржина прилагодена на најмладите, претставата донесе многу забава и детска атмосфера на платото пред Народниот театар.

На 16 јули следуваше концертот на „Трио Џентлмен“, кој се одржа во Малата сала на Народниот театар, наместо на првично предвиденото плато. Пред присутната публика, триото изведе разновидна музичка програма составена од познати композиции, создавајќи пријатна атмосфера и уште една музичка вечер во рамките на Гевгелиското културно лето. Концертот беше можност за љубителите на музиката да уживаат во настапот на „Трио Џентлмен“ и во нивната интерпретација на познати музички теми.

На 20 јули, во Народниот театар- Гевгелија, беше прикажан документарниот филм „Барајќи си ја среќата“, по сценарио и во режија на гевгелиската режисерка Марија Џиџева. Филмот ја следи приказната за осум неженети мажи кои тргнуваат на патување до Москва во потрага по среќата и можноста за нов почеток. За гевгелиската публика, проекцијата имаше и дополнително значење поради авторскиот потпис на Џиџева, режисерка и сценаристка која потекнува од Гевгелија. Со оваа проекција, во програмата беше застапено и македонското документарно филмско творештво.

Книжевната програма продолжи на 21 јули со промоцијата на стихозбирката „Собрани остатоци од светот“ од гевгелискиот поет Пепи Стамков, која се одржа во Малата сала на Народниот театар. На книжевната средба беше претставено творештвото на Стамков и неговата стихозбирка, а љубителите на поезијата имаа можност поблиску да се запознаат со неговиот поетски израз и да присуствуваат на книжевна вечер посветена на пишаниот збор.

На 5 август, во ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“, повторно беше реализирано „Катче на XX век“. Акцентот и овојпат беше ставен на народната умотворност и традиционалниот начин на живот. Преку реквизити и предмети, како и преку презентација на традиционални домашни активности, беше доловено секојдневието на луѓето во минатото. На овој начин беа претставени дел од старите обичаи и активности, меѓу кои сукањето, подготовката на традиционални производи и користењето на предмети карактеристични за некогашниот живот, овозможувајќи посетителите непосредно да се запознаат со дел од традицијата и културното наследство.

На 12 август, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, беше изведена детската театарска претстава „Мачорот во чизми“, во продукција на Театар „Арториум“. Претставата е адаптација на познатата сказна на Шарл Перо, со режија и текст на Бранко Атанасов, кој настапува заедно со Давид Димоски и Стефанија Начевска. Креативен директор е Драган Божино.

Преку приказната за итриот Мачор во чизми, кој со својата снаодливост се обидува да му помогне на својот господар, најмладите беа внесени во една весела и интерактивна театарска авантура. Децата не беа само публика, туку имаа можност да се вклучат во текот на приказната, со што претставата донесе многу игра, музика, смеа и интеракција со најмладите посетители.

На 19 август, во Уметничката галерија „Амам“, беше отворена изложбата на слики „Будна вода“ од Дијана Петкова. Пред љубителите на ликовната уметност беа претставени делата на авторката, со што во програмата на „Гевгелиско културно лето“ беше застапена и современата ликовна уметност. Изложбата понуди можност публиката да се запознае со творештвото на Петкова и дополнително ја збогати културната понуда во рамките на летната програма.

Со 12 настани од различен карактер- од презентации на народната умотворност и традиционалниот начин на живот, преку изложби, театарски и детски претстави, филмски проекции и книжевна промоција, до музички концерти- гевгелиското лето и годинава понуди разновидна културна програма. Различните содржини и локации овозможија културниот живот во градот да биде збогатен во текот на летните месеци, а концертот на „Панта Реи“ беше достојно финале на уште едно издание на манифестацијата.

Previous Post

Летното време во Гевгелиско направи штета од 6,4 милиони денари: Најпогодени се лозјата и овошните насади 

Next Post

Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица

Next Post
Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица

Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица

Прелистај по теми

Систем 48 Туризам вести

Последни објави

  • 215 деца од Општина Гевгелија летово бесплатно учеа пливање
  • Во Гевгелија воспоставена нова социјална услуга – пуштен во употреба Дневниот центар за активно стареење на стари лица
  • Гевгелиското лето 2026 и годинава донесе разновидна културна програма
  • Летното време во Гевгелиско направи штета од 6,4 милиони денари: Најпогодени се лозјата и овошните насади 
  • Над 40% реализација на Основниот буџет покажа Кварталниот извештај усвоен од Советот на Општина Гевгелија

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Гевгелија.

 
Facebook-f Youtube

Општина Гевгелија

  • Релјеф
  • Локација
  • Природни ресурси
  • Природни Ресурси
  • Историјат
  • Културно наследство
  • Демографија
  • Населени места

Корисни линкови

  • Влада
  • Собрание
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална
  • самоуправа
  • ЗЕЛС

Контакт инфромации

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,
1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843
www.gevgelija.gov.mk
e-mail: gevgelijao@t-home.mk

 

© 2023 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Насловна
  • Локална самоуправа
    • ГРАДОНАЧАЛНИК
      • Биографија
      • Надлежности
      • Прашај го градоначалникот
    • СОВЕТ
      • Состав
      • Надлежности
      • Програма
      • Седници на Советот на Oпштина Гевгелија
    • АДМИНИСТРАЦИЈА
    • ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
      • Иницијативен Одбор
      • Локално Mладинско Собрание
      • Локален младински совет
  • Надлежности
    • КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ
    • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
    • УРБАНИЗАМ
    • ОБРАЗОВАНИЕ
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • НВО
    • СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
  • Услуги
    • СТАТУТ НА ОПШТИНА
    • ДЕЛОВНИК
    • СЛУЖБЕН ГЛАСНИК
    • СТРАТЕГИИ
    • БУЏЕТ
    • ДАНОЦИ И ТАКСИ
    • УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ЈАВНИ НАБАВКИ
    • ОБЈАВИ
    • ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
    • ЖИВОТНА СРЕДИНА
    • ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ
    • ФОРМУЛАРИ
  • Контакт

© 2026 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА - Сите права се задржани.

Skip to content
Open toolbar Accessibility Tools

Accessibility Tools

  • Increase TextIncrease Text
  • Decrease TextDecrease Text
  • GrayscaleGrayscale
  • High ContrastHigh Contrast
  • Negative ContrastNegative Contrast
  • Light BackgroundLight Background
  • Links UnderlineLinks Underline
  • Readable FontReadable Font
  • Reset Reset